ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Вучиќу, што се ку*чиш кога не знаеш да леташ?

December 18, 2025 13:23
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Креирано со помош на ВИ

Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Следејќи ги последните случувања на српската политичко-економска сфера, ми текна на еден виц од пред многу години, кој оди вака:

Патник во авион со себе го носел папагалот. Поминала стјуардесата и папагалот со крилото ја треснал по задникот. Стјуардесата премолчела. Се охрабрил сопственикот на папагалот, па кога таа одново поминувала меѓу патниците, и тој ја плеснал по задникот, Стјуардесата налутена го викнала капетанот, и непристојните патници  набрзина биле исфрлени од авионот

Кога се нашле надвор од авионот, папагалот веднаш замавтал со крилјата и почнал да лета, додека сопственикот, без падобран, паѓал надолу.

„А што да правам јас сега?“, прашал патникот.

Папагалот му одговорил: „Па ти што се ку*чиш кога не знаеш да леташ!“

На ова ме потсети драмолетката со микс од закани, кукање и ронење крокодилски солзи на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за изгубената инвестиција по повлекувањето на зетот на Трамп од проектот за изградба на луксузен хотелско-станбен комплекс, вреден 750 милиони евра, планиран на местото на бомбардираниот Генералштаб во центарот на Белград,

И додека од една страна Вучиќ „коленичи“ пред Американските инвеститори, од друга страна им се „ку*чи“ кокетирајќи со Кина, неговиот најголем сојузник во последно време, откако ги залади односите со Путин, претседателот на Србија, за време на обиколката на фабриката на кинеската компанија „Јусеи Машинери“ во петокот во Ниш, изјави дека за него Тајван е дел од Народна Република Кина и дека Пекинг „може да прави што сака“ со тој дел од својата територија.

„Веома врло“ антиамерикански од твоја страна, Вучиќу.

И откако, помалку невообичаено, го разврза јазикот, по објавата  дека наскоро ќе допатува во официјална посета на Кина, која ја опиша како „искрен и челичен“ пријател на Србија и истакна дека Белград целосно ја поддржува политиката на Пекинг, се стави во улога на портпарол на кинеските претставници, кои не можеа да дојдат до збор од него.

„Кога кинеските претставници сакаат да кажат нешто за Тајван, тие не мора да зборуваат, јас можам да го направам тоа наместо нив, бидејќи сите мислиме исто. За мене, Тајван е дел од Кина. Кина ќе одлучи што да прави со Тајван, тоа е нејзино право, тоа е нејзина земја. Таа може да прави што сака во својата земја. Тоа е политиката на Србија. Можеби кога некој ќе ме замени, но тоа нема да се случи наскоро, можеби ќе ја променат политиката на Србија“, изјави Вучиќ пред новинарите.

Вучиќ, онака во занес, рече и дека политиката на Кина се темели на нормите на јавното меѓународно право и Повелбата на ОН, дека Пекинг ја поддржува Србија во прашањата за територијалниот интегритет и дека српските претставници „немаат проблем да кажат дека го поддржуваат принципот на една Кина“.

Тоа што некои велат дека изјавата ја дал под дејство на зголемено ниво на промили во крвта, тоа секако нема да ја промени одлуката на Кушнер, ниту на останатите изгубени инвеститори.

Се чини дека Вучиќ конечно сфати дека истовременото седење на 2/3 столици,  и играњето топло/ладно со големите сили му дојде „до главата“ и тој веќе е во слободен пад, додека неминовниот тресок на крајот од падот забрзано наближува.

Епа Вучиќу, што се ку*чиш кога не знаеш да леташ?

Она што е уште поинтересно, и додава дополнителен заплет на целава приказна, е што некои околни премиери ги следат во чекор постапките на српскиот претседател.

Преземено: Цивил Медиа

ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.

Next Post
ЕУ, Македонија, Западен Балкан

Северна Македонија ја блокира својата европска иднина додека ЕУ испраќа јасна поддршка

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk