ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Трамп ја повлекува Агелер и уште 29 кариерни дипломати ширум светот

December 22, 2025 13:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, започна со повлекување на околу 30 кариерни дипломати од амбасадорски и други високи позиции во американските дипломатски претставништва ширум светот, меѓу кои е и амбасадорката во Северна Македонија, Анџела Агелер.

Како што пренесува Бета, повикувајќи се на Асошиејтед прес, мерката е дел од пошироките напори за преобликување на американската дипломатија и поставување кадар кој целосно ги поддржува приоритетите на Трамп и неговата политика „Америка на прво место“.

Шефовите на дипломатските мисии во најмалку 29 земји минатата недела биле известени дека нивните мандати ќе завршат во јануари, изјавиле двајца претставници на Стејт департментот, кои побарале анонимност. Повлечените дипломати не ја губат својата работа во службата за надворешни работи и, доколку сакаат, ќе се вратат во Вашингтон на други должности.

Сите амбасадори опфатени со оваа одлука биле именувани за време на администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден, но останале на функциите и по првичната „чистка“ на почетокот на вториот мандат на Трамп во јануари, кога главно беа отстранети политички именуваните функционери.

Стејт департментот не го соопшти точниот број на засегнати дипломати, наведувајќи дека станува збор за стандарден процес во секоја нова администрација. Во соопштението се нагласува дека амбасадорот е „личен претставник на претседателот“ и дека претседателот има право да обезбеди во тие земји да има луѓе кои ја унапредуваат неговата агенда „Америка на прво место“.

Најмногу погоден регион е Африка, каде што се повлечени амбасадорите од 13 земји: Бурунди, Камерун, Зеленортските Острови, Габон, Брегот на Слоновата Коска, Мадагаскар, Маврициус, Нигер, Нигерија, Руанда, Сенегал, Сомалија и Уганда.

Следува Азија, со промени во шест земји – Фиџи, Лаос, Маршалските Острови, Папуа Нова Гвинеја, Филипини и Виетнам.

Во Европа, амбасадорски смени ќе има во Ерменија, Северна Македонија, Црна Гора и Словачка.

Промени се најавени и на Блискиот Исток – во Алжир и Египет, како и во Јужна и Централна Азија – Непал и Шри Ланка, и во Западната хемисфера – Гватемала и Суринам.

Tags: Агелер
Next Post
Фото: Скриншот од видео/ Омбудсман на Украина

Киднапирани 50 цивили во Сумската област и насилно однесени во Русија

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk