ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Сиљановска ја избра најкорупмпираната власт која ја носи Македонија во изолација

December 23, 2025 15:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, остро ја критикуваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, обвинувајќи ја дека со своите ставови и постапки ѝ дава поддршка на, како што рече, „најкорумпираната и криминална влада во историјата на државата“, која ја води Македонија во целосна политичка и економска изолација.

„Жалам што претседателката избрала да застане на страната на најкорумпираната и криминална влада во историјата на државата и во овој момент во Европа“, изјави Филипче на прес-конференција, реагирајќи на денешниот говор на Сиљановска-Давкова.

Според него, со поддршката што ја дава на актуелната власт, претседателката директно придонесува Македонија да се оддалечи од европскиот пат.

„Се потврдува тоа што го зборувавме изминатите недели и месеци – оваа влада, а денеска и претседателката, ја води Македонија кон изолација. Европската приказна за нас е завршена, нема да има никакви реформи и следи голема криза“, рече Филипче.

Тој изрази жалење што претседателката, како што нагласи, не застанала на страната на мнозинството граѓани кои сакаат целосна европска интеграција.

„Жалам што не застана на патот на вистинските реформи, туку поддржува квази реформи и делумно изменети закони кои оваа влада ги претставува како вистинска реформа, а тоа не е тоа“, изјави Филипче, предупредувајќи дека измените во правосудството ќе доведат до дополнителна партизација.

„Овие закони ќе овозможат поставување партиски обвинители и партиски судии, процес кој веќе е започнат, со цел да продолжат коруптивните пракси и крадењето на парите на граѓаните“, додаде тој.

Филипче најави и сериозни економски последици за граѓаните, посочувајќи дека следи период на поскапувања и финансиска несигурност.

„Следи голема криза. Ќе поскапи електричната енергија, а со тоа ќе поскапи сѐ. Нема договор за раст на платите, преговорите во Социјалниот совет не дадоа никаков резултат. Нема да има поголеми плати ниту за работниците, ниту во образованието, ниту во здравството“, рече Филипче.

Тој посочи дека нема да има поместување ниту во делот на социјалните трансфери и поддршката за најранливите категории граѓани.

„Имаме огромен проблем со буџетот, дупка од милијарда евра, која очигледно ќе се пополни со нови задолжувања следната година. Дел од нив се поврзани и со проектот ‘Мигранти за пари’, кој претседателката воопшто не го демантираше“, истакна Филипче.

Како дополнителен проблем, тој го наведе и губењето на европските средства за земјоделството.

„Поради коруптивните пракси се изгубени над 100 милиони евра од ИПАРД програмата. Европа го запира финансирањето на нашите земјоделци и огромен број семејства остануваат без финансиска поддршка“, рече претседателот на СДСМ.

На крајот, Филипче порача дека земјата се движи во погрешна насока.

„Енергетски кризи, изолација, целосно отсуство на структурни реформи и млади кои секој ден ја напуштаат земјата – тоа е резултатот од политиката што денес ја поддржува претседателката“, заклучи Филипче.

Next Post
Скриншот

Трамп: САД „мора да го решат“ прашањето со Гренланд, безбедноста е пред минералите

Shortcut

Најново

Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk