По повредата здобиена во саботата на дуелот со Тотенхем при постигнувањето на голот фудбалерот на Ливерпул Александер Исак мораше итно да биде опериран во текот на вчерашниот ден. Играчот беше веднаш заменет по само неколку минати на терен и истиот го напушти во придружба на медицинска екипа.
По направените снимки и дијагнозата беше потврдено дека станува збор за повреда на глуждот со фрактура на фибулата.
Рехабилитацијата Исак ќе ја мине во тренинг центарот на клубот и се уште не е утврден термин за негово враќање.
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, рече дека се надева дека Исак ќе се опорави за неколку месеци и дека ќе биде фит да одигра натпревари оваа сезона.







