ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ДЗР: ФИТР без централизирана база за следење на доделената финансиска поддршка, утврдени сериозни слабости во работењето

December 25, 2025 12:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот завод за ревизија утврдил сериозни слабости и недоследности во финансиското работење и управувањето на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за 2024 година, вклучително и отсуство на централизирана база на податоци за доделената финансиска поддршка и механизми за следење на ефектите од поддржаните проекти.

Според ревизорскиот извештај, ФИТР нема воспоставено систем за систематско и сеопфатно следење на резултатите од проектите по нивното завршување, ниту се спроведува длабинска деловна и финансиска анализа на поддржаните проекти. На крајот на 2024 година, Фондот прикажал неподмирени обврски во износ од 13,86 милиони евра.

ДЗР изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на основниот буџет на ФИТР за 2024 година, како и за усогласеноста со законската регулатива, додека за сметката на самофинансирачки активности е изразено мислење со резерва.

Ревизијата утврдила слабости во евидентирањето на обврските, при што дел од нив не биле навремено и целосно прикажани во сметководствената евиденција. Иако обврските кон добавувачи биле прикажани во износ од околу 13,86 милиони евра, дополнително биле утврдени и неевидентирани обврски од околу 152 илјади евра по различни основи. Констатирани се и значајни разлики меѓу сметководствената евиденција и пописот на обврските со состојба на 31 декември 2024 година.

Во извештајот се наведува дека Годишната програма за работа на ФИТР за 2024 година, со исклучок на дел од мерките за финансиска поддршка, не содржи јасни финансиски показатели по мерки и инструменти, што, според ревизорите, не овозможува реална слика за потребните средства и обврските кои се пренесуваат од претходните години. Слични слабости се утврдени и во Среднорочната програма за периодот 2025–2027 година.

Дополнително, ДЗР констатирал дека Годишната сметка и ревизорските извештаи од надворешна ревизија не биле усвоени од управниот одбор и Владата, а не бил изготвен ниту Годишен извештај за доделената државна помош до Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Ревизијата укажува и на слабости во спроведувањето на јавните повици, вклучително и непотпишување изјави за судир на интереси од страна на дел од вработените и членовите на Управниот одбор, како и отсуство на изјаснување од директорот по овој основ. Утврдени се и неправилности во водењето на регистарот на стручни лица за евалуација на проекти и начинот на нивен избор.

Кај реализацијата на договорите за финансиска поддршка, ревизијата утврдила доцнење во доставата и одобрувањето на кварталните и завршните извештаи, како и застој во мониторингот на проектите во периодот од декември 2024 до јуни 2025 година, што резултирало со доцнење на исплатите и застој во реализацијата на проектите.

Според податоците на ФИТР, со состојба на 31 декември 2024 година, Фондот имал неподмирени обврски кон корисниците по одобрени извештаи во износ од околу 5,7 милиони евра, при што една од причините е намалувањето на средствата на буџетската ставка за субвенции и трансфери за 32 проценти.

Ревизијата ја анализирала и сопственичката структура на корисниците на финансиска поддршка, при што било утврдено дека исти лица се јавуваат како управители или сопственици во повеќе правни субјекти кои добиле средства од ФИТР, што, според ДЗР, создава ризик од концентрација на средства, иако не постои експлицитна законска забрана за ваква практика.

Во анализата на десет завршени проекти утврдено е дека само три остваруваат приходи, додека седум не остваруваат приход од реализираните активности. Од вкупно 1,68 милиони евра кофинансирање за овие проекти, над 1,29 милиони евра се насочени кон проекти без остварен приход.

ДЗР препорачува воспоставување на механизми за следење на ефектите од доделените средства, наплата на приходите по завршување на проектите и зајакнување на контролите, со цел поефикасно користење на јавните средства.

Со донесувањето на Законот за иновациската дејност, научно-технолошки развој и претприемништво во јули 2025 година, формирана е Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво како правен наследник на ФИТР, со што Фондот престанал да постои.

Tags: ДЗРФИТР
Next Post
Скриншот

(ВИДЕО) Објавен официјален тизер: Килијан Марфи повторно на сцена во „Peaky Blinders: The Immortal Man“

Shortcut

Најново

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

November 2, 2026
Протести во Италија, 2026

Автентичните граѓански протести во Европа и пропагандата стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk