ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Македонските граѓани плаќаат најскап зелен картон во регионот

December 25, 2025 20:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Координаторот на пратеничката група на СДСМ и пратеник, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати прашање до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во однос на високата цена на зелениот картон автомобилите кој што им е потребен на граѓаните за патувања надвор од државата.

Прашањето се однесуваше на заштитата на трети лица и нивниот имот од последиците од сообраќајни незгоди, како сопственици на моторни возила кои се должни, согласно закон, да имаат осигурување при регистрација и технички преглед на возилата-односно внатрешно осигурување за територијата на државата.Спасовски посочи дека ова прашање го поставил и писмено уште на 12 февруари годинава, но од министерката до денес не добил одговор.

Во продолжение е интегрален текст од прашањето:

„Ова е прашање за кое и граѓаните на Македонија си го поставуваат како една од важните теми. Тоа се однесува на заштитата на трети лица и нивниот имот од последиците од сообраќајни незгоди, како сопственици на моторни возила кои се должни, согласно закон, да имаат осигурување при регистрација и технички преглед на возилата-односно внатрешно осигурување за територијата на државата.

Меѓутоа, постои и можност за сите оние што патуваат во странство, имаат обврска да обезбедат, односно да купат осигурување за странство или таканаречена зелена карта за осигурување. Тие не купуваат само меѓународна потврда за осигурување на возилото, туку прават проширување на осигурувањето со важност и за странство. Овој документ сè уште е неопходен за влез со моторни возила во која било држава во Европа која во моментот за патничките возила изнесува околу 5.500 денари со важност од една година.

Цената на зелениот картон во земјите од регионот е значително пониска од цената во Македонија, изнесуваат 5 или 10 евра, кои се плаќаат заедно со регистрацијата и при обезбедување на осигурителната полиса и за внатрешно осигурување. Моето прашање е дали се планира поинаков пристап во однос на обезбедувањето на зелениот картон, односно намалување на неговата цена, бидејќи постојат повеќе начини и механизми како да се дојде до намалување на цената на зелениот картон.

Ги имам сите анализи, како и законски измени во Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, имаат посебни договори со еден од дел од државите, во кои може да се влегува со билатерални договори без зелен картон. Впрочем, Македонија има таков билатерален договор со Словенија,една од ретките држави каде што ниту македонските, ниту словенечките регистарски таблици имаат потреба да покажуваат зелена карта.

Затоа прашувам дали Владата, односно Министерството за финансии, планира одредени измени на цената, со тоа што ќе може да им се помогне на граѓаните да не плаќаат толку висока цена, а да имаат нормално движење надвор од државата, како што тоа е решено кај нашите соседи. Ако погледнеме, секоја од државите во опкружувањето околу нас плаќа 5 или 10 евра заедно со внатрешното осигурување и притоа може да се движат и надвор од својата држава, односно во регионот и пошироко“.

Next Post

Лукаревска: Владата ги намали парите за загаден воздух за 50% во споредба со лани

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk