Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, и нејзината ќерка, десетгодишната принцеза Шарлот, заедно изведоа посебен клавирски дует кој го отвори традиционалниот божиќен концерт „Together at Christmas“, емитуван на британскиот канал ITV.
Мајката и ќерката ја изведоа композицијата „Holm Sound“ на шкотскиот композитор и продуцент Ерланд Купер од Оркнејските Острови – дело инспирирано од природата и чувството на поврзаност, теми што имаат посебно значење за принцезата од Велс. Композицијата е напишана и посветена на мајката на Купер, која исто така се викала Шарлот.
View this post on Instagram
Настапот е снимен минатата недела во внатрешната сала на замокот Виндзор, а на снимањето им се придружил и самиот Купер. Дуото беше најавено претходно истиот ден преку краток, мистериозен видео-клип објавен на заедничкиот Инстаграм профил на принцот и принцезата од Велс. Во видеото се гледа празнично украсена просторија, по што камерата се задржува на две раце поставени на клавир – едната со впечатлив прстен – со опис: „Посебен дует…“.
View this post on Instagram
Во воведната нарација, Кејт Мидлтон прочита емотивна порака за значењето на Божиќ, нагласувајќи дека тој „во својата суштина зборува за љубовта што се покажува на наједноставни и најчовечки начини“ – преку нежност, внимание, разговор и помагање на другите. Таа истакна дека божиќниот период потсетува на вредноста на добрината и отвореното срце, изразувајќи надеж дека празниците ќе донесат мир, јасност и топлина за сите „кои им носат светлина и добрина на другите“.
View this post on Instagram
По нејзината нарација, програмата продолжи со актерката Вики МекКлур, а потоа следеа изведби на химните „Once in Royal David’s City“ и „A Sussex Carol“ од хорот на Вестминстерската опатија, како и обраќање на деканот на опатијата, велечасниот д-р Дејвид Хојл. Принцот Вилијам прочита одломок од Евангелието според Лука, а актерката Кејт Винслет изведе рецитација со наслов „Рефлексија за љубовта и поврзаноста“.
Ова не е првпат Кејт Мидлтон јавно да го покаже својот музички талент. Во 2021 година таа настапи на клавир во Вестминстерската опатија заедно со музичарот Том Вокер, во изведба на песната „For Those Who Can’t Be Here“, што тогаш предизвика бројни позитивни реакции и споредби со принцезата Дајана, која во 1988 година изненади публика во Австралија со сопствен клавирски настап.
View this post on Instagram
Извор: ITV / Kensington Palace / TPortal







