ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Кога Македонецот го дресираа да биде ништо!

December 27, 2025 09:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

По Булеварот АСНОМ автомобилите се движат како руски кампањоли на Црвениот плоштад на парадата на Деветти мај. Јас стојам карши Мајчин дом и како некој локален Путин го посматрам тој зелен мрсул на вморонската и општонационална забавеност. Иста како во историјата. Ми падна жал за сообраќајот на кој му ја земаа природната саморегулација и сега се мачи за да покаже дека Македонецот може да се меси полесно отколку глината на грнчарското колце. За сѐ што не бара мислење. Само слушање и автоматизам кој ќе го подмачка со страв. Тоа е. Ниту едно куче, тигар или лав, дури, мислам и коњ или желка, не можат да се издресираат полесно од Македонецот. ВМРО е за него идеен камшик што го поднесува со посилна еротска страст од таа што ја доживува фанатикот на Опус деи кога се шиба со металните краеви на ритуалниот камшик по грбот. ВМРО е сѐ што му треба на Македонецот. Дури и доказ дека е вештачка инсталација во Историјата, смрт, погреб, епитаф – сѐ!

Демократијата и плуралузмот, заедно со изборите, имаа смисла кога имавме нација и структурирано општество со општествен договор, сега кога нацијата е ликвидирана, а општеството раскурцано, на Македонецот не му треба ништо друго освен кандилце со светите букви над шпоретот на гуми, а на вмро ништо друго освен домашниот миленик кој го обожава неговиот ројал канин од гаранции, бавни брзини кои му дозволуваат во секое време да си ги почеша јајцата или да си го поправи карминот на усните. Клучно е дека се снима. Дека Големиот брат има сѐ под контрола.

И луѓето одат во пошта, плаќаат затоа што возеле 51 или 53, демек ги пробиле сите толеранции. На излегување од пошта ќе влезат во првото кафе и со комшијата ќе фатат муабет за мигрантите, за Бугарите, за гаранциите, за струјата, за јахтата на Заев, за линеарното зголемување на пензиите, за нерешениот резултат во Уставниот суд, за тоа како може уставноста да игра нерешено, како, вика едниот, а другиот вика, ма што те боли курот важно го одбранивме линеарното просерување на власта, на сите по малку говна.

Македонецот игра голф со пи-ем честичките на вмро. Или со сопствените коски што му ги фрла власта за да си го исполни денот. Мислам и власта и нашиот човек.

Правев некои тестови и заклучив дека би можел да бидам добар носач на палките во македонскиот голф. Ако успеам да се издресирам да не ми е гајле за играта и резултатите на мојот голфер. А и на целиот народ. Тоа е убава работа за некој што не може да игра. Тоа е скап и прилично бесмислен спорт. Јас би бил топ носач, со бел дрес со името на мојот човек со големи црни букви. Кикифрики. Или Дафкова. Убава природа, ниско шишана трева, песочни вдлабнатини, грмушки и високи дрвја, потоци со мосчиња, многу често синило на морето или океанот, езерца со шатки… осумнаесет дупки!

Убавина.

Македонија е како голем голф терен, а Македонците голфери кои ги маваат или втеруваат во дупките своите коски.

Јас сум поразен.

Во битката за Македонија ме смачкаа елитните единици на македонското просташтво, глупост и самоомраза.

Тешко на победниците.

Хахаха!

Во потрага по светиот грал на гаранциите не нѐ водат Дон Кихоот и Санчо Панса, туку Дон Кихот и Дона Кихотица: Двојна пустоловина, двојна илузија, двократно лудило.

Единствен начин да ја истрпиме серијата порази, оваа непрегледна низа пораз по пораз, е да го засакаме Поразот по себе. Како што сторив јас. После тоа нема повеќе изненадувања: совладуваме сѐ што ќе нѐ снајде, стануваме господари на своите неуспеси.

Непобедлива жртва.

Тешко на победниците.

Благодарејќи ѝ на истрајноста, драги мои, успеваме, но и пропаѓаме.

Зошто Македонците истрајуваат околу историјата што ја немаат?

За подобро да ја сфатат бездната кон која одат.

Никаква казна не е предвидена за непомагање на луѓето кои трпат грижа на совеста затоа што уништиле цела една држава.

Ха, ќе речете: нема такви!

Да, но не е предвидена ниту за оние кои не трпат.

Домапада ми рече: Тричко, вие Македонците сте подложни на желби само затоа што не ти гледате работите такви какви што се.

Да, будизмот би бил добра религија за овој народ.

Во меѓувреме, за да го избегнете крахот пред да преминете на будизам, односно да ги оставите бесмислените тралалајки на православието, препуштете им се на емоциите во цинизмот.

Среќна нова година, драги пријатели.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА | Текстот е личен став на Авторот | Сите права се задржани
Next Post

Кавадарчанец загинал по пад од карпа при лов, пожарникари го извлекоа телото

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk