ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Доживотен затвор за братоубиство од користољубие во Кавадарци

December 29, 2025 16:22
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда со која го осуди на доживотен затвор 43-годишниот С.И., откако тој во целост ја призна вината за кривичното дело убиство од користољубие, казниво по член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.

Пресудата беше донесена по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, а судот ја изрече врз основа на признание на вина.

Според обвинението, на 27 јули годинава, обвинетиот од користољубие го лишил од живот својот помлад брат, Илија Иванов. Убиството се случило на роденденот на жртвата, кога меѓу двајцата браќа избила расправија. Обвинетиот верувал дека неговиот брат има намера да го преземе целиот семеен имот, по што, поттикнат од силен гнев и омраза, го нападнал со тапиот метален дел од тесла, удирајќи го по главата. Откако жртвата паднала, му задал уште два удари, нанесувајќи му повреди од кои починал на самото место.

По убиството, обвинетиот го напуштил домот, но следниот ден повторно се вратил, го пренел телото во бањата, а во наредните денови се обидувал да го прикрие делото. Ја чистел крвта од подот и од предметите, а телото подоцна го пренел во шупа, каде што го затрупал во ров и врз него поставил шперплоча и други предмети.

Во периодот од 30 јули до 5 август, кога телото било откриено, обвинетиот во повеќе наврати повлекувал пари користејќи ја банкарската картичка на жртвата.

Обвинението против С.И. било поднесено на 28 октомври, а обвинетиот во целост го признал начинот на извршување на кривичното дело, онака како што било наведено во обвинителниот акт.

При изрекувањето на пресудата, Судот донел и решение со кое на осудениот му ја продолжил мерката притвор до започнување на издржувањето на казната доживотен затвор.

Tags: братоубистводоживотен затворКавадарци
Next Post
Фото: Скриншот

Зеленски ги отфрли како „целосна измислица“ руските тврдења за напад со дрон врз резиденција на Путин

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk