ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ бара ургенција од МВР за истрагата за ботски напад врз „Слободен печат“

January 5, 2026 21:02
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) испрати барање за ургенција до Министерството за внатрешни работи за текот на постапката по поднесената пријава за координиран ботски напад врз Инстаграм профилите на медиумот „Слободен печат“.

Барањето е адресирано до националната фокална точка, Мухамед Исмаиљи, помошник на министерот во Одделот за односи со јавност и стратешки прашања при МВР, и следи по формалната пријава што ЗНМ ја поднесе на 15 ноември 2025 година до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика.

Според ЗНМ, станува збор за координирана злоупотреба на социјалната мрежа Instagram, насочена кон попречување на работењето на медиумот и ограничување на видливоста на неговите содржини. При нападот биле регистрирани масовни сомнителни интеракции, вклучувајќи коментари, лајкови и follow-барања, како и драстичен пад на досегот на објавите, што упатува на основан сомнеж за алгоритамско ограничување на видливоста, познато како „shadow ban“.

Поради континуитетот на нападите, редакцијата на „Слободен печат“ била принудена дел од Инстаграм профилите привремено да ги заклучи со цел заштита од понатамошна злоупотреба.

Во изминатиот период, ЗНМ обезбедило институционална и правна поддршка за медиумот и ја информирало надлежната институција за продолжувањето на нападите и нивните последици врз новинарската работа. Со последното барање, од МВР се бара информација во која фаза се наоѓа истрагата, кои чекори се преземени, дали се вршат проверки за евентуална поврзаност на активностите со субјекти од Република Северна Македонија, како и дали е воспоставена комуникација со компанијата Meta / Instagram преку механизмите за меѓународна соработка.

Од ЗНМ потсетуваат дека координираните онлајн напади врз медиуми претставуваат сериозен ризик за слободата на изразување и форма на индиректен притисок врз новинарската работа, поради што е неопходна навремена и ефикасна институционална реакција.

Воедно, Здружението ги охрабрува новинарите и медиумските работници да ги пријавуваат сите закани, притисоци и напади, вклучително и онлајн напади, преку платформата SafeJournalists.net или директно до ЗНМ, со цел навремена заштита и јавно евидентирање на ваквите случаи.

Next Post
Анаис хороскоп, Македонија,

Дневен хороскоп со Анаис – 6 јануари 2026

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk