ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Европски стандарди и маневрите на Мицкоски: Што стои зад најавата за укинување на техничката влада?

January 8, 2026 17:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најавата на премиерот Христијан Мицкоски за свикување лидерска средба со цел разговор за укинување на техничката влада и постигнување политички консензус околу реформските закони отвори ново поглавје во македонската политичка динамика. Иако формално претставена како повик за дијалог, иницијативата веќе предизвика различни толкувања, воздржани реакции и политички калкулации.

Мицкоски ја најави лидерската средба во божиќно интервју за телевизија „Алфа“, истакнувајќи дека нема намера да иницира укинување на техничката влада без широк политички консензус. Според него, ова прашање не смее да се решава еднострано, туку преку договор меѓу сите релевантни парламентарни чинители. Средбата, според најавите, би се одржала во период од седум до десет дена, пред неговото заминување на Светскиот економски форум во Давос.

Политичка позадина: наследство од кризата

Техничката влада, воспоставена со Пржинскиот договор во 2015 година, беше резултат на длабока политичка и институционална криза, сериозни обвинувања за изборни манипулации и силен меѓународен притисок. Таа никогаш не беше замислена како трајно решение, туку како вонреден механизам за враќање на довербата во изборниот процес.

Со текот на времето, меѓутоа, техничката влада прерасна во редовна изборна практика, што отвори дилеми дали државата сè уште функционира во „кризен режим“ или е подготвена за нормализација на демократските процеси. Но, прашањето е дали актуелната иницијатива на Мицкоски е обид да се затвори едно долго политичко поглавје или се работи за маневрирање и дефокусирање од други реални проблеми кои де факто ја каретеризираат состојбата во земјата како кризна?

Европската перспектива: Исклучок, не правило

Во поширок европски контекст, македонскиот модел на техничка влада е исклучок, а не правило. Во повеќето земји членки на Европската Унија, изборите се организираат од редовните институции, под надзор на независни изборни тела, медиумски регулатори и судството. Привремени или технички влади се формираат само во услови на институционален ќорсокак или неможност да се состави парламентарно мнозинство — како што беше случајот во Белгија, Италија или Бугарија во одредени периоди.

И токму затоа, во последните извештаи на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, фокусот сè помалку е ставен на техничката влада, а сè повеќе на независноста на институциите, професионализацијата на администрацијата, слободата на медиумите и транспарентноста на изборниот процес. Индиректната порака од Брисел е јасна: демократската зрелост не се мери со вонредни механизми, туку со доверба во институциите.

Реакции дома: Воздржаност и тактичко чекање

Реакциите од политичките партии засега се ограничени. ДУИ соопшти дека сè уште нема добиено официјална покана и дека ќе го формира својот став дури по формалното обраќање.

Од СДСМ нема јасен одговор дали ќе ја прифатат поканата. Наместо тоа, партијата продолжува со остра критика на владините политики, обвинувајќи ја актуелната власт за изолација на државата и застој во евроинтеграциите.

Дијалог или калкулација?

Иако Мицкоски ја постави иницијативата како обид за дијалог, фактот дека формалните покани сè уште не се испратени, а реакциите се воздржани, покажува дека процесот е во чувствителна почетна фаза. Укинувањето на техничката влада не е само административно прашање, туку длабоко политичко — поврзано со довербата во изборниот процес и рамнотежата меѓу власта и опозицијата.

Од меѓународна перспектива, лидерската средба може да се чита или како сигнал за политичка зрелост и приближување кон европските стандарди (што би било искажано со голема доза скептицизам) или како внатрешнополитички маневар, доколку консензусот остане декларативен.

Следните недели ќе покажат дали најавената лидерска средба ќе прерасне во политички дијалог или ќе остане уште една нереализирана иницијатива. За Европската Унија и меѓународните партнери, клучното нема да биде дали техничката влада ќе се укине, туку како ќе се донесе таквата одлука — дали преку инклузивен, транспарентен и демократски процес, или преку политичка надмоќ.

Во таа смисла, ова не е само дебата за модел на влада, туку тест за демократската зрелост на државата, која во пракса покажува дека ја нема. Која и да е целта на Мицкоски, во следните денови ќе се види колку ќе се применуваат тактиките на чекање, калкулации и меѓусебни обвинувања, а колку некој повеќе од формалност ќе ја прифати инцијативата на премиерот.

Б. Ј.  / Цивил Медиа

Next Post
Анаис хороскоп, Македонија, Кратово во зима

Дневен хороскоп со Анаис – 9 јануари 2026

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk