ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Синдикатот на културата жестоко реагира: Министерот Љутков се поставува над судот и колективните договори

January 8, 2026 13:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) остро реагира на, како што го нарекува, „преседанот во културата“, обвинувајќи го министерот за култура и туризам дека повторно се обидува да ги поништи колективните договори и веќе донесени судски пресуди поврзани со зголемувањето на платите во културата.

Повод за реакцијата е т.н. „упатство“ што министерот им го доставил на институциите во културата, со кое, според СКРМ, се игнорира јасна и правосилна судска одлука дека платите мора да се зголемат за 10 проценти, согласно член 14 став 1 од Општиот колективен договор.

„Ова не е ‘упатство’, туку обид за поништување на правниот поредок во културата. Не станува збор за никаква административна грешка, туку за свесно и јавно кршење на колективните договори и самоволно редефинирање на платите“, наведуваат од СКРМ, во објава на социјалните мрежи.

„Министерска математика“ спротивна на судот

Синдикатот нагласува дека и покрај судските пресуди, министерот повторно ја воведува истата формула – т.н. „разлика меѓу август и септември 2023“, која судот веќе експлицитно ја прогласил за незаконска.

„Наместо да спроведе судска пресуда, министерот самоволно и тврдоглаво повторно ја воведува истата НЕЗАКОНИТА формула, која судот ја утврди како спротивна на Општиот колективен договор и на утврдените права на вработените“, се вели во реакцијата.

СКРМ оценува дека ваквото постапување претставува директно кршење на владеењето на правото и создавање правна несигурност.

„Со одбивање да се постапува по службена должност и со непочитување на универзалните начела на правото, министерот се поставува над судот, над колективните договори и над законите“, нагласуваат од синдикатот.

Обвинувања за самоволие и узурпација

Во реакцијата се наведува дека документот нема елементарни административни стандарди, ниту потпис од други надлежни тела.

„Ова ‘упатство’ е срочено без ИССО стандарди, нема кој го составил и кој го одобрил, а потписот на министерот е осамен – како сам да го срочил, затоа што е јасно дека никој што ги познава законите не сака да стави потпис на ваков противзаконски документ“, порачуваат од СКРМ.

Синдикатот иронично додава дека министерот си ја доделил улогата на „правник, адвокат и судија“, нагласувајќи дека „не постои акт на министер што е над судска пресуда и над колективен договор“.

Најава за нови правни чекори

СКРМ најавува дека нема да дозволи платите во културата да се пресметуваат по, како што велат, „министерска математика“, туку исклучиво согласно закон и колективни договори.

„Повторно ќе ги преземеме сите расположливи правни механизми – од управни спорови, до иницирање постапки за утврдување кривична одговорност – со цел да се запре ова самоволие и да се заштитат правата на вработените во културата“, наведуваат од синдикатот.

Тие откриваат дека СКРМ веќе добил уште 13 судски пресуди, кои заедно со претходните две, вкупно се 15, и најавуваат нивна јавна објава.

Прашање до премиерот

Во завршниот дел од реакцијата, СКРМ упатува директно прашање до премиерот .

„Дали премиерот знае дека министерот донел упатство без претходно да биде свикана Комисијата за толкување на Општиот колективен договор, како што јасно стои во информацијата на Владата од 9 декември 2025?“, прашуваат од синдикатот, додавајќи дека ваквото постапување директно го нарушува кредибилитетот на Владата.

Next Post
Скриншот од видео на CNN

Трамп во обид да го оправда она што сите го видоа како ладнокрвно убиство – која е жената убиена од ICE во Минеаполис

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk