СДСМ соопшти дека опозицијата на изборите освоила двојно повеќе гласови од владејачките партии, оценувајќи дека ваквиот резултат предизвикал паника кај лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, .
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција вечерва да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Од партијата тврдат дека и покрај, како што наведуваат, сериозни притисоци и злоупотреби, опозициските кандидати за градоначалници добиле значително поголема поддршка од граѓаните.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии“, стои во реакцијата.
СДСМ објави и конкретни бројки од изборниот резултат.
„Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови, а власта само 12.534 гласа“, наведуваат од партијата.
Според СДСМ, резултатот претставува јасен пораз за владејачката коалиција.
„Заклучокот е едноставен, власта на , и загуби вечерва и тоа убедливо“, се наведува во соопштението.







