ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Левица предлага укинување на РКЕ

January 12, 2026 13:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Левица предлага укинување на Регулаторната комисија за енергетика и префрлување на нејзините ингеренции на Министерството за енергетика.

Ова на прес-конференција денеска го предложи пратеникот Амар Мециновиќ, оценувајќи дека постојниот модел ја продлабочува енергетската сиромаштија и овозможува прелевање јавни пари во приватни џебови.

„Во период кога струјата постојано поскапува станува сѐ појасно дека нашата  енергетска сиромаштија ги окупира животите на нашите граѓани. Потребно е веднаш да се реагира во законската материја. Енергетиката не е технократска играчка туку е основа за нормален и квалитетен живот. Тоа е јавен интерес од највисок ред“, порача Мециновиќ на пресот.

Од Левица посочуваат дека илјадници семејства живеат во енергетска сиромаштија додека цените на струјата растат, јавните претпријатија тонат во долгови, а приватните електродистрибутери остваруваат континуирани профити.

„Овој систем не е случаен, туку е резултат на континуирани избори скриени зад маската на независноста на РКЕ. Таканареченото независно тело РКЕ со години функционира како штит за интересите на ЕВН и на сите други приватни електродистрибутери, а не како заштитник на граѓаните“, рече Мециновиќ и додаде дека „невидливото политичко влијание е најопасното за граѓаните“.

Како клучен елемент за укинување на РКЕ, Левица ја наведе потребата од јасна политичка одговорност. Предлагаме укинување на РКЕ за да постои политичка одговорност, за да може да се повикаат на политичка одговорност нашите премиери, нашите министри, кога сметките растат вртоглаво“, беше нагласено на прес-конференцијата.

Исто така, од партијата посочија дека ЕСМ континуирано работи со загуби, а ЕВН остварува вртоглави профити, што, според нив, е директна последица на одлуките на Регулаторната комисија. „Јавниот интерес се уништува, струјата постојано поскапува затоа што ова не е слободен пазар, туку систем за прелевање јавни пари во приватни џебови. Јавните претпријатија беа втурнати на слободен пазар со одлука на РКЕ и наместо стабилност, добивме хаос во кој приватните профитираат, а јавните се ослабени и тонат во долгови“.

Како пример за спорни одлуки ја посочија улогата на РКЕ во изборот на „ЕВН хоум“ за универзален снабдувач, дозволувањето паушални фактури без отчитување на броилата, како и воведувањето скалесто тарифирање.

„Скалестото тарифирање е социјално праведно, само ако има 100 отсто отчитување на броилата. Сè друго е казнување на сиромашните“, рече Мециновиќ додавајќи дека долгот на ЕСМ надминува над 200 милиони евра.

Особено беше нагласена и мрежарината од 200 денари за сите 600.000 домаќинства. „Преку ова на месечно ниво ЕВН добива 2,1 милиона евра, кои на годишно ниво се претвараат во 25 милиони евра. За осум години, доколу никој во Македонија не запали светилка, ЕВН ќе оствари добивка од 200 милиони евра, колку им требаше ЕВН да го купат од нас“, посочи Мециновиќ.

Како илустрација за судирот на интереси, од партијата го посочија примерот со поранешниот претседател на РКЕ, Димитар Попов. „Тој претходно беше член на ВМРО- ДПМНЕ, како што Бислимоски беше член на СДСМ. Пред изборот за претседател Димитар Попов беше раководител на ХЕЦ во Ѓорче Петров во ЕВН. По завршувањето на мандатот, откога искористи една и пол година апанажа, повторно беше вработен во ЕВН на менаџерска позиција. Прашањето е очигледно: За кого работел претседателот на РКЕ помеѓу неговиот ангажман во ЕВН? За кого работи денеска Бислимовски?“, праша Мециновиќ.

На крајот од прес-конференцијата Левица информира дека ќе присуствува на најавената лидерската средба. „Како парламентарна партија, која една и пол година се обидува да воспостави комуникација со парламентарното мнозинство преку предлагање закони, преку консензус за некои државни прашања, сметаме дека сега е времето да влеземе во конструктивен дијалог. За нас е најбитно да се создаде демократска атмосфера за време на изборите и нашите барања ќе одат во таа насока“, истакна Мециновиќ.

Next Post
ВИ

„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“, избран за трет мобилен оператор

Најново

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

April 21, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис – 21 април 2026

April 21, 2026

Почина новинарката Гордана Дувњак

April 21, 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk