СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ч.Б. (35) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“, информираат од Министерство за внатрешни работи.
Според пријавата, во текот на 2025 година, осомничениот изнудувал пари од неговата 44-годишна партнерка, заканувајќи се дека ќе објави нејзини фотографии со експлицитна содржина.
Од МВР информираат дека против пријавениот е поднесена соодветна кривична пријава, а случајот е доставен на понатамошно постапување до надлежното обвинителство.







