ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лидерска средба на иницијатива на Мицкоски: СДСМ одби учество – средбата кај Мицкоски е легитимирање на криминалот

January 14, 2026 10:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Клубот на пратениците денеска ќе се одржи лидерска средба свикана од премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.

Како што е најавено, на средбата ќе се разговара за реформските закони во правосудството, изборот на народен правобранител, измените на Изборниот законик, можноста за укинување на техничката влада, како и за други прашања предложени од учесниците.

Од опозициските пратенички групи, засега учество потврдија лидерите на Левица и ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, уште веднаш го одби повикот на Мицкоски.

Од коалициските партнери во Владата, на средбата се очекува да присуствуваат претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, како и претставник од коалицијата „Вреди“, Биљал Касами. Лидерската средба ја поздравија и ЛДП и ДОМ.

СДСМ: Средбата го легитимира криминалот и корупцијата

Во соопштение до јавноста, СДСМ остро реагираше на најавената средба, оценувајќи дека секој што ќе учествува на разговорите за укинување на техничката влада станува соучесник во легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, спроведување на анти-ЕУ кампања за изолација на земјата, план за предвремени избори без основни услови за фер и демократски процес и реализација на планот „мигранти за пари“.

„Сите чекори што власта досега ги презема веќе ги најавивме – изолација, избори, мигранти за пари. Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може подоцна да каже дека не бил соучесник“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ додаваат дека партијата останува со граѓаните и, како што истакнуваат, на вистинската страна – на страната на Македонија, на страната на интеграцијата, на фронтот за правда и против корупцијата и криминалот.

Next Post

Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk