ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

January 14, 2026 15:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

2026 година не е изборна година. Нема закажани парламентарни избори, нема институционален рок и нема процедурална потреба во овој момент да се менува изборната рамка. Токму затоа повикот на премиерот Христијан Мицкоски за „лидерска средба“ чија цел е да се укине техничката (преодна) влада е политички толку индикативен. Не се работи за реактивен потег, туку за подготовка.

Со тоа што свикува средба за укинување на една изборна заштитна мерка надвор од изборен циклус, без претходна јавна дебата и без измени во Изборниот законик – под услови во кои процесот го доминираат оние што имаат најмногу корист од нејзиното укинување – Мицкоски не отвора дијалог. Тој ги обликува условите под кои ќе се одржат следните избори.

Она што се претставува како дијалог, во суштина е потег воден од оние што мерката требаше да ги ограничи: обид да се укине една заедничка демократска заштита – мерка која произлезе од криза, беше меѓународно посредувана, домашно прифатена и повеќепати потврдена преку практика.

И кога иницијативата, агендата и исходот ги поставува извршната власт, дури и полна сала не создава рамнотежа. Тоа што го гледаме не е градење консензус, туку моќ што се координира сама со себе и го претставува резултатот како национална одлука – рецепт за авторитарно владеење.

Пржино не беше техникалија. Тоа беше демократски механизам за подобрување и заштита.

Договорот од Пржино од 2015 година беше политички и институционален одговор на колапсот на демократијата. Тој следеше по период обележан со системска злоупотреба на државните ресурси за партиски цели, заробување на клучни институции, незаконско масовно прислушување и длабока ерозија на јавната доверба во изборниот процес.

Затоа, моделот на техничка влада не беше воведен затоа што беше елегантен, туку затоа што беше неопходен, како минимален корективен механизам за да се спречи оние што се на власт истовремено да бидат и судии на изборната игра. Логиката е едноставна. Ако институциите сè уште не можат да се сметаат за неутрални, тогаш во нив мора да се вгради политичка рамнотежа.

Затоа моделот вклучуваше опозициска контрола врз клучни министерства и затоа беше поддржан и гарантиран од ЕУ и САД. Не стануваше збор за удобност, туку за ограничување на злоупотребата. Тој модел, исто така, го означи моментот кога домашниот политички неуспех беше јавно признаен и компензиран преку меѓународно посредување и гаранции.

Клучната поента се состои во тоа што овој модел произлезе од заедничка политичка обврска, а не концесија наметната на една страна.

Механизам создаден преку колективен договор и заемно признавање на ризикот, не може да се укине од само еден актер. Особено не од актерот што ја контролира самата апаратура што тој механизам требаше да ја ограничи! Тоа создава вграден конфликт на интереси.

Овој потег на Мицкоски е политички еквивалент на фудбалски судија што прогласува дека судиите повеќе не се потребни, а сè уште ги држи свирчето, правилникот и клучевите од стадионот.

Што се однесува до (не)учеството во оваа политичка фарса, мислам дека нема потреба да се објаснува многу. Одбивањето да се учествува во таков процес не е опструкција. Тоа е одбивање да се легитимира структурно неурамнотежен процес обременет со конфликт на интереси.

Иронијата не е случајна

„Мицкоски во координација со Мицкоски“ не е само шеговита фраза, туку доловува подлабока стратешка промена во тоа како се практикува власта. Сведочиме на перформанс што всушност ја продолжува и ја штити продлабочената партизација на системот, под изговор дека „ова е неопходно за ефикасност и ред“.

Може да се очекува дека пропагандата на власта ќе го претстави укинувањето на техничката влада како модернизација. Во реалноста, тоа е рецентрализација и структурно ќе ги ослаби демократските процеси, особено изборите. Уште попрецизно, Мицкоски отстранува една од малкуте преостанати мерки за структурна контрола врз извршната власт токму во најчувствителниот демократски момент: изборите.

И тоа се случува во услови кога јавната доверба останува ниска, медиумската независност е ранлива, политичката поларизација висока, а меѓународната загриженост за демократско назадување во регионот расте.

Не се во прашање партиите, туку правилата на играта

Ова не е расправа за интересите на една или друга политичка партија, без оглед на тоа дали е во опозиција или на власт, дали е голема или мала. Моделот на техничка влада не беше создаден за да заштити некоја партија. Тој беше создаден за да го заштити интегритетот на процесот.

Прашањето не е дали техничката влада е совршена. Прашањето е дали исчезнале условите што ја направија неопходна.

Дали институциите станале неутрални? Дали злоупотребата на државните ресурси е структурно спречена? Дали политичката контрола врз администрацијата е елиминирана?

Ако не, тогаш укинувањето на заштитната мерка не е реформа. Тоа е чекор наназад.

Очигледна асиметрија – кој прифаќа контрола, а кој ја одбива

Тука постои асиметрија што е повеќе од очигледна. Кога СДСМ беше на власт, ја прифати логиката на техничката влада – два пати. Прифати избори под опозициски надзор, дури и кога тој надзор го вршеа нивните политички противници.

Тоа ни оддалеку не беше политички удобно. Тоа беше демократска самовоздржаност.

Мицкоски, пак, од позиција на доминантна политичка и извршна моќ, сега го отфрла токму тој принцип. Тој не сака само да промени механизам. Тој сака да ја отстрани самата идеја дека моќта мора да се ограничи, посебно за време на избори.

Едната страна прифати ограничувања на моќта. Другата ги третира ограничувањата како пречка. Таа разлика не е техничка. Таа е политичка во најдлабока смисла. И својствена за ВМРО-ДПМНЕ.

Кога Мицкоски е зад воланот

Пржино беше изградено врз признание на ерозијата: дека моќта може да се злоупотреби и затоа мора привремено да се ограничи.

Актуелниот потег на Мицксоки е заснован на тврдењето дека ограничувањето повеќе не е потребно. Всушност, се работи само за апетити, односно чувството дека тие што сега се на власт имаат апсолутно право на неа.

Затоа, вистинското прашање не е дали техничката влада е идеална. Вистинското прашање е кој одлучува кога заштитните механизми повеќе не се потребни – и врз која основа.

Демократијата не го вади појасот затоа што возачот вели дека е внимателен. Тврдењата за одговорност не се замена за структурни заштитни механизми.

Патот во Северна Македонија не се променил. Само се вративме на истите возачи поради кои појасот беше воведен.

И затоа оваа одлука не може – и не смее – да ја донесат оние поради кои тој заштитен механизам е воведен. Кога заштитните механизми еднаш ќе се укинат, нивното враќање е многу тешко, а последиците ги трпат сите граѓанки и граѓани, без исклучок.

Техничката влада се роди од длабока политичка криза. Очигледно е дека нејзиното укинување е водено од желба за понатамошна концентрација на моќта. Тоа не е напредок. Тоа е амнезија.

 


Извор: ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post

Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk