ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Жерновски: Одлуката на САД за визите е политички аларм – изолациските политики скапо ја чинат Македонија

January 16, 2026 12:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката на Соединетите Американски Држави да ја суспендираат обработката на визи за македонските граѓани не е техничка пауза, туку јасен политички сигнал и предупредување за состојбите во земјата, оцени денеска Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ, на прес-конференција.

„Видовме 24-часовен молк на премиерот Мицкоски, кој цел ден го немаше од политичката сцена. Денеска го очекуваме да се појави. Тоа не е случајно – требаше да даде одговор зошто САД ја ставија Македонија на оваа листа“, изјави Жерновски.

Тој додаде дека одговорот требало да го даде токму премиерот Христијан Мицкоски, кој, како што рече, со години уверувал колку се блиски односите со САД.

„Ако некој може да даде одговор, тоа е сигурно ‘другарот од периметарот’, премиерот кој две години нè убедува колку блиски пријатели сме. Наместо него, за уши го извади министерот за надворешни работи, Муцунски“, рече Жерновски.

Според него, настапот на министерот бил уште една сериозна грешка.

„Се случи уште еден трагикомичен настап на политичар кој многу зборува, а ништо не кажува – персонификација на денешната киндер-дипломатија“, изјави Жерновски.

Во своето обраќање, тој направи споредба со поранешните влади на ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски фактички го надмина својот претходник Груевски. Ако Груевски заврши на црната листа, Мицкоски, за жал, ја стави целата држава на црна листа“, рече тој.

Жерновски потенцираше дека американската одлука е сериозен дипломатски сигнал.

„Ова не е техничка пауза, како што тврди Муцунски. Ова е политички сигнал и предупредување. САД внимателно ја следат состојбата во земјата и јасно порачуваат дека гледаат проблем, дека нешто не е во ред“, нагласи тој.

Тој оцени дека, како што рече, „митот за периметарот на Мицкоски пропаднал“.

„Неговите ‘одлични, специјални односи’ со САД се толку добри што завршивме во периметарот на Сомалија, како ‘трет свет’“, изјави Жерновски.

Според СДСМ, Македонија ја плаќа цената на погрешните политики на актуелната власт.

„Македонија ја плаќа цената на политиките на Мицкоски кои водат кон затворање и изолација на земјата. Тоа ја зголемува недовербата на граѓаните во институциите. Недостигот од економска перспектива ги тера младите да заминуваат, затоа што не гледаат иднина дома“, рече тој.

Жерновски наведе дека пораките од САД се јасни.

„САД испраќаат порака дека не се задоволни од капацитетот на државата, дека постои недоверба во институциите – во безбедноста и документацијата – и дека очекуваат реформи кои не се спроведуваат“, изјави тој.

Тој обвини дека владејачката коалиција води политики на изолација.

„СДСМ подолго време укажува дека политиките на изолација на тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ го загрозуваат стратешкото партнерство со САД и процесот на интеграција во ЕУ“, рече Жерновски.

Како особено проблематична ја оцени и надворешната политика на владата.

„Надворешната политика се сведува на активностите на најблискиот соработник на Мицкоски, Иван Стоилковиќ, со ‘Ноќните волци’ блиски до Путин. Паралелно, сведоци сме на активна анти-ЕУ кампања и напади врз Соединетите Американски Држави од поранешни дипломати и сателит-партии“, изјави тој.

На крајот, Жерновски порача дека мерката на САД е сериозно предупредување.

„Ова е дипломатски сигнал, политички аларм и индикатор каде реално се наоѓа државата на меѓународната мапа. Ова се први чекори – САД носат и Закон за Западен Балкан насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата“, рече Жерновски, додавајќи дека СДСМ ќе продолжи, како што рече, „јасно и гласно да ја разоткрива опасната агенда на власта и да се бори против политиките на изолација и загрозување на стратешкото партнерство со САД“.

Tags: визиЖерновскиМицкоскиСАД
Next Post
Скриншот

(ВИДЕО) Мадона со силна поддршка за демонстрантите во Иран - Издржете!

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk