Поп-иконата Мадона упати силна и емотивна порака за поддршка на народот и жените во Иран, преку објава на Инстаграм, во која повика на слобода и револуција против репресијата.
„Издржете (Hold Tight…) Не можам да замислам порелевантна фраза од оваа додека влегуваме во годината на Огнениот Коњ“, напиша Мадона, поврзувајќи ја својата порака со симболиката на новата година и личните размислувања по престојот во Мароко за време на празниците.
Таа нагласи дека размислува за „сите луѓе во Иран кои се борат за неопходна револуција и се подготвени да умрат за она во што веруваат“, додавајќи дека многумина во слободниот свет земаат премногу нешта здраво за готово.
„Јас, вклучително. Слободата да патувам низ светот. Да носам што сакам. Да јаваш коњ низ пустина. Да зборуваш слободно и да не бидеш замолчен со казна, тортура или можна смрт. Да пееш. Да танцуваш. Да го избереш својот духовен пат, а не некој друг“, напиша таа.
View this post on Instagram
Мадона особено ја истакна положбата на жените во Иран.
„Жените во Иран ја немаат оваа слобода. Стојам со нив“, порача таа, додавајќи дека иранскиот народ „со векови не ја познава слободата“.
Иако признава дека не може целосно да го разбере страдањето низ кое минале, Мадона нагласува дека нејзините мисли и молитви се со народот на Иран.
„Времето е сега. Hold Tight! Стојам со Иран. Нека се слушнат нивните гласови. FREE IRAN!“, напиша таа на крајот од објавата.
Пораката на Мадона доаѓа во период на зголемени глобални апели за човекови права и слободи во Иран, а нејзиниот јавен став повторно ја позиционира како една од најгласните светски ѕвезди кога станува збор за политички и општествени прашања.
Редакција Фронтлајн






































































































