ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николоски од ГП Блаце: Поддршка за протестот на транспортерите, потребно е итно решение за новите шенген-правила

January 26, 2026 16:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска на граничниот премин Блаце даде поддршка на домашните транспортери кои од денеска започнуваат седумдневен предупредувачки протест, заедно со превозници од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Протестот се организира како револт против новите правила за електронска евиденција во Шенген-зоната, за кои превозниците предупредуваат дека ќе предизвикаат сериозни последици врз транспортот и економијата.

„Би сакал да искажам поддршка во мое име и во име на Владата на овој протест на превозниците. Токму затоа сум денеска на овој граничен премин, затоа што овој протест е предупредувачки и сака да покаже што ќе се случува од 10 април па натаму“, изјави Николоски.

Тој нагласи дека протестот доаѓа во вистински момент, со цел во февруари и март земјите членки на Шенген-зоната да изнајдат соодветно решение.

„Во принцип има три можни решенија: првото е да се одложи примената на електронскиот систем за превозниците, второто е да се зголеми бројот на денови што можат да ги поминуваат во Шенген-зоната од сегашните 180 на 250 дена, соодветно поделени во циклуси, и третото – да не се третираат како туристи, туку како професионалци, со исклучување од овие правила или преку работни визи, како што тоа го прави Швајцарија“, рече Николоски.

Според него, доколку не се најде решение, последиците ќе бидат сериозни не само за македонската и регионалната, туку и за европската економија.

„Најголемиот дел од странските инвестиции во регионот се од земјите на Европската Унија и Шенген-зоната. Тие произведуваат полупроизводи што се извезуваат назад, тука се и земјоделските производи, транзитот, како и главниот трговски коридор на Југоисточна Европа – Коридор 10, кој е крвоток на целокупната економија“, истакна вицепремиерот.

Николоски упати апел до европските институции повторно да ја разгледаат оваа одлука.

„Ова е моќна порака испратена од земјите од Западен Балкан и мислам дека гласно ќе одекне. Веќе една година предупредуваме и разговараме со претставници на Европската комисија, но досега немаше слух. Верувам дека по овој протест ќе се најде решение за да не запре македонската, регионалната и европската економија“, изјави тој.

Тој информираше и за дипломатските активности поврзани со проблемот.

„Во петокот разговарав со министерот за транспорт на Грција, а во среда ќе патувам во Загреб на средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Хрватска. Ќе се обидам да комуницирам и со другите земји за да се изврши дополнителен притисок за надминување на оваа ситуација“, рече Николоски.

Next Post

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk