ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

January 28, 2026 07:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

Мирјана Пејковиќ. Фото: Инстаграм

Share on FacebookShare on Twitter

Откако на почетокот на оваа година во јавноста се појавија сексуално експлицитни снимки на Мирјана Пајковиќ, тогашна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права, следуваа оставка и кривични пријави што прераснаа во една од најголемите афери во црногорската власт.

Оставки поднесоа Мирјана Пајковиќ и Дејан Вукшиќ, поранешен директор на црногорската тајна служба и советник за безбедност на претседателот на Црна Гора. Случајот набргу го презедоа полицијата и обвинителството.

Активна на социјалните мрежи и во јавноста

Мирјана Пајковиќ ја извршуваше функцијата државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права, каде беше на чело на Директоратот за унапредување и заштита на човековите права и слободи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mirjana (@mirjana_pajkovic)

Во јавноста беше препознатлива не само по институционалната улога, туку и по нагласената присутност на социјалните мрежи, особено на Инстаграм, како и по честите јавни настапи. Редовно објавуваше фотографии од приватниот и професионалниот живот, модни комбинации и пораки за улогата на естетиката во јавниот простор, пишува во анализата Index.hr.

Во јавните настапи таа говореше дека од жените во политиката често се очекува повлекување и „невидливост“, како и дека изгледот неоправдано се доживува како нешто неозбилно или споредно. Според неа, јавните личности ги претставуваат институциите што ги водат и заедницата на која ѝ припаѓаат, па односот кон јавниот настап е дел од таа одговорност.

Посебно внимание предизвика нејзината теза дека личниот изглед е составен дел од одговорноста на јавните функции.

„Нашиот изглед е наш излог. Кога ќе видите личност што не се грижи за себе, за работниот простор или за јавниот настап, прво се прашувате како таа личност ќе се грижи за другите“, изјави Пајковиќ, додавајќи дека јавните функции носат и дополнителни барања, вклучително и постојана изложеност на критики и очекувања.

„Мој омилен владетел на Црна Гора е Дејан Вукшиќ“

По избивањето на аферата, посебно внимание привлече снимка од мај 2022 година, направена во улична анкета. На прашањето „кој ви е омилен владетел на Црна Гора“, Пајковиќ одговорила дека тоа е Дејан Вукшиќ.

Пред да го изговори неговото име, ги симнала очилата за сонце и директно погледнала во камерата, што ѝ дало дополнителна впечатливост на снимката.

A nekad joj je bio omiljeni VLADAR Crne Gore.🫠🫠 pic.twitter.com/kHvmiE9BTm

— Montenegro🇲🇪🇲🇪 (@Mnehn_19) January 26, 2026

Во времето кога е направена снимката, Вукшиќ сè уште не бил широко познат во јавноста. Подоцна беше именуван за директор на Агенцијата за национална безбедност, а потоа и за советник на претседателот на Црна Гора. Токму против него Пајковиќ кон крајот на 2025 година поднесе три кривични пријави.

Кривични пријави и спротивставени тврдења

Пајковиќ до полицијата поднесе три кривични пријави поради неовластена дистрибуција на интимни снимки, закани и уцени. Таа тврди дека била изложена на долготраен притисок и дека објавувањето на снимките претставува форма на насилство и грубо кршење на нејзините човекови права.

Како доказ доставила аудио-снимка на која, според нејзините тврдења, се слуша гласот на Дејан Вукшиќ кој ѝ се заканува дека „нема да има живот во Црна Гора“ и дека поседува компромитирачки материјал со кој може да ѝ ја уништи кариерата.

Вукшиќ ги отфрла сите обвинувања. Тој тврди дека нема никаква врска со настанувањето, поседувањето или дистрибуцијата на снимките, и дека Пајковиќ во октомври 2024 година противправно му го одзела мобилниот телефон, кој подоцна бил злоупотребен.

Тој наведува и дека самиот бил изложен на уцени, вклучително и пораки со експлицитна содржина, како и притисоци поврзани со неговата кандидатура за судија во Уставниот суд. Според неговите тврдења, еден од спорните телефонски повици бил упатен од фиксен телефон од кабинетот на претседателот на Црна Гора, што аферата ја прошири и на државниот врв.

„Претседателот не ми одговори на пораките“

Во интервју за веб-телевизијата „Дана“, по избивањето на секс-скандалот, Пајковиќ зборуваше за она што го опишува како екстремно насилство од страна на моќници.

Таа изјави дека погрешила што на почетокот не реагирала, иако, како што тврди, тогашниот советник на претседателот директно ѝ се заканувал дека ќе ѝ го уништи животот доколку не постапи како што од неа се барало.

Наведе дека повеќепати му се обраќала на претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, испраќајќи му пораки и видео-снимки со заканите на неговиот советник, но дека не добила одговор. Според нејзините зборови, ѝ било сугерирано да „молчи“, а реакцијата на институциите уследила дури откако случајот се појавил во медиумите.

Во истото интервју таа тврди дека во нејзиниот случај законот не се применува еднакво за сите, како и дека жените во јавниот простор се изложени на дополнителна стигматизација, морално осудување и дискредитација.

Пајковиќ ги повика сите државни функционери и носители на моќ да внимаваат како разговараат со обичните граѓани.

„Мора да разберете дека кога некој кој е значајна фигура во безбедносниот сектор ќе ви се закани дека порано или подоцна ќе ви нанесе штета затоа што не сте го послушале, чувството на страв не е нереално. Тоа е реално и основано“, изјави Пајковиќ, додавајќи дека сите имаат приватност која не сакаат да биде јавно изложена.

Реакции на институциите и тек на постапките

Агенцијата за национална безбедност се огради од случајот, наведувајќи дека нема никаква врска со приватните снимки што се појавија во јавноста.

Институцијата Заштитник на човековите права и слободи предупреди дека никој, без разлика на јавната функција, не го губи правото на приватност, достоинство и заштита од насилство, повикувајќи ги медиумите и граѓаните на воздржаност од незаконски и дискриминаторски постапки.

Основното државно обвинителство во Подгорица формираше два предмети по пријавите што ги поднесе Мирјана Пајковиќ. Постапките се во тек.

Tags: Дејан ВукшиќМирјана ПајковиќскандалЦрна Гора
EVN

НАЈНОВО

Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

January 28, 2026
Скриншот, видео Х

Прв официјален извештај за убиството на Алекс Прети: пукале двајца агенти на ICE

January 28, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Принцот Хари меѓу судот и Холивуд: Од солзи во Лондон до Санденс за неколку дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk