ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Платите на работниците треба да се зголемат сега, а не за две години

January 31, 2026 13:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од СДСМ порачаа дека зголемувањето на платите не смее да се одложува и дека работниците не можат да чекаат до 2028 година за подобар животен стандард.

„На работниците не им требаат изговори, ниту најави за две години. На работниците платите треба да им се покачат сега, оваа година, затоа што парите не им стигаат од први до први“, соопштија од СДСМ.

Во реакцијата се поставува и прашање до премиерот Христијан Мицкоски: „Дали Мицкоски чекаше две години за да купи часовници од 65.000 евра?“.

Според партијата, последните официјални податоци покажуваат дека минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јануари 2026 година изнесувале 66.413 денари, што значи дека ниту две минимални плати не се доволни за покривање на основните потреби.

„Сегашното ниво од 400 евра минимална плата не обезбедува доволна заштита на животниот стандард и не ја следи реалната структура на трошоците на едно просечно домаќинство“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ предупредуваат дека работниците „буквално се борат за парче леб“ и дека одложувањето на зголемувањето на платите има сериозни последици.

„Македонија денес има најниска минимална плата во регионот и во Европа. Ако Мицкоски се фали дека сме четврта економија во Европа, зошто тогаш не сме на четврто место по висината на платите?“, прашуваат од партијата.

Во споредба со регионот, од СДСМ посочуваат дека во Косово минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази, во Албанија од 1 јануари 2026 ќе изнесува 500 евра, во Србија е зголемена на 500 евра, а во Црна Гора се движи од 600 до 800 евра.

„Последиците веќе се гледаат – квалификуваните работници масовно заминуваат во странство, младите се иселуваат, а кај нас се увезуваат таканаречени ‘економски работници’. Освен ако целта на владата не е токму тоа – со увоз на работна сила да се намали вредноста на трудот“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Next Post
Фот: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Масовни протести во САД по убиствата во Минесота - бараат повлекување на агентите на ICE

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk