ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во списите на Епстин – норвешката принцеза, Мило Ѓукановиќ и словачкиот дипломат Мирослав Лајчак

February 1, 2026 06:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН, СВЕТ
Фото: Министерство за правда на САД

Фото: Министерство за правда на САД

Share on FacebookShare on Twitter

Норвешката принцеза Мете-Марит изјави дека ѝ е „непријатно“ откако нејзиното име се појави во новообјавените документи од таканаречените „Епстинови списи“, кои ги објави американското Министерство за правда (DOJ).

Во документите е вклучена и електронска преписка од 2013 година со наслов „H.K.H. Kronprinsessen, Mette“, во која се опишува престојот на принцезата во јануари истата година во куќата на Џефри Епстин во Палм Бич, Флорида. Во еден од мејловите се наведува: „Мете пристигнува на аеродромот во Мајами оваа недела“, а пораката се припишува на Лесли Гроф, поранешна асистентка на Епстин.

Според содржината на електронската преписка, тогашниот управител на куќата на Епстин во Палм Бич, Јануш Банасиак, требало да ја пречека принцезата на аеродромот и да ја однесе во куќата. Во пораката бил наведен и нејзиниот телефонски број, кој во објавените документи е редитиран.

Во изјава за норвешкиот јавен сервис NRK, принцезата Мете-Марит изјави дека жали што воопшто имала каков било контакт со Џефри Епстин и дека требало подобро да ја провери неговата позадина.

„Едноставно ми е непријатно“, изјави таа за NRK.

Норвешкиот јавен сервис наведува и дека принцезата признала оти престојувала во куќата на Флорида четири дена, нагласувајќи дека денес жали за таа одлука и за контактите со Епстин, кој подоцна стана централна фигура во еден од најголемите сексуални и политички скандали во САД.

Ѓукановиќ негира поврзаност со Епстин: „Никогаш не сум го познавал“.

Поранешниот претседател и премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска негираше дека го познавал американскиот финансиски магнат и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, откако неговото име се појави во документите што ги објави американското Министерство за правда, пишува Indeh.hr.

Ѓукановиќ се споменува во електронска преписка меѓу Епстин и словачкиот политичар Мирослав Лајчак, кој претходно поднесе оставка од функцијата советник на премиерот на Словачка по објавувањето на комуникацијата.

Во објава на социјалната мрежа X, Ѓукановиќ истакна дека никогаш немал ниту директна ниту индиректна комуникација со Епстин.

Na učestalo interesovanje predstavnika medija povodom objave komunikacija pokojnog Džefrija Epstina obavještavam da Epstina nijesam poznavao, niti sam sa njim ikad obavio neposrednu ili posrednu komunikaciju.

Zato, razumljivo ne mogu svjedočiti o vjerodostojnosti objavljenih…

— Milo Đukanović (@DjukanovicCG) January 31, 2026

„Не сум го познавал Епстин, ниту сум имал каква било непосредна или посредна комуникација со него“, напиша Ѓукановиќ, додавајќи дека не може да сведочи за автентичноста на објавените разговори.

Епстин во пораки му нудел „жени и нивните сестри“ на Мирослав Лајчак, дипломатот негира иако е спомнат стотина пати

Според објавените пораки Џефри Епстин во комуникација од 2018 година му нудел на словачкиот дипломат Мирослав Лајчак „жени и нивните сестри“, што Лајчак категорично го негира, објави порталот Klix.ba.

Содржината на објавените пораки

На досега непознати делови од комуникацијата меѓу Лајчак и Епстин прв укажа порталот „360tka“, наведувајќи дека пораките прикажуваат многу поперсонален и поинтензивен однос отколку што Лајчак претходно признавал. Според документите, нивната комуникација не се ограничувала само на политика и дипломатија, туку во повеќе наврати се однесувала и на жени.

Во една од конверзациите, Епстин му нуди на Лајчак жени, додавајќи дека може да „ги земе и нивните сестри“, по што цинично забележува дека веројатно се премлади, бидејќи имаат помалку од 30 години. На тоа, Лајчак одговара: „Не биди злобен. Не знаеш каков сум во акција“, пренесува словачкиот весник Denník N.

Во други пораки, двајцата во опуштен, па и шеговит тон, коментирале „девојки“ во Кијив и Москва. На една фотографија од Москва, Епстин одговорил дека би сакал „поглед однатре“ и додал дека тие девојки се „најдобриот руски извоз“, на што Лајчак возвратил: „Веднаш по нафтата“.

И покрај содржината на пораките, Лајчак за порталот 360tka изјавил дека никогаш не комуницирал со Епстин за жени и ги отфрлил ваквите толкувања. Сепак, документите укажуваат дека нивниот контакт не бил случаен или редок.

Името на Мирослав Лајчак се појавува во документите стотици пати, а Епстин често го ословувал со прекарот „Миро“. Дел од пораките потекнуваат од периодот кога Лајчак беше претседател на Генералното собрание на Обединетите нации и често престојувал во Њујорк.

Во тој период, според објавените документи, тие наводно договарале средби, вечери и можни посети на резиденцијата на Епстин во Палм Бич, Флорида – локација која подоцна стана позната како место каде се случувале злоупотреби на малолетни девојчиња.

Што е објавено?

Содржината на документите објавени вчера опфаќа околу 3 до 3,5 милиони страници записи за активностите на Џефри Епстин, како и 2.000 видеозаписи и 180.000 фотографии направени за време на истрагата, потврди заменик-главниот обвинител на САД, Тод Бланш.

Од Министерството за правда на САД (DOJ) наведуваат дека дел од материјалите е тешко или невозможно да се објават без да се загрози приватноста, поради што имињата и личните податоци на жртвите се делумно или целосно редактирани.

Објавени над три милиони документи од истрагата за Џефри Епстин: Трамп се спомнува стотина пати, објавени и мејлови со Маски

Сите објавени документи од миниистерството за правда на САД, ТУКА.

Демократите бараат итна проверка на документите

Демократите во Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес побараа од Министерството за правда на САД (DOJ) итна проверка на необјавените и нередактирани документи поврзани со случајот Епстин, со цел да се утврди дали при нивното задржување се почитува федералниот закон.

Конгресменот Џејми Раскин изјави дека Министерството за правда тврдело оти идентификувало повеќе од шест милиони страници документи, но дека на јавноста ѝ била објавена само околу половина од таа документација.

Во писмо упатено до Министерството за правда, Раскин нагласува дека Конгресот сака да се осигури дека редактирањето на документите е направено исклучиво во рамките дозволени со закон.

„Сакаме да се увериме дека редактирањето на документите е во согласност со законот, според кој материјалите можат да се задржат само во ограничени околности, како што е заштитата на личните податоци на жртвите, а не поради ‘непријатност, штета по угледот или политичка чувствителност, вклучително и за кој било функционер, јавна личност или странски достоинственик’“, напиша Раскин.

Фото: Министерство за правда на САД

Кој беше Епстин?

Џефри Епстин беше осуден сексуален престапник и трговец со луѓе, кој во 2019 година беше пронајден мртов во притвор. Неговиот случај опфаќа сериозни обвиненија за злоупотреба и експлоатација на бројни жртви, меѓу кои и малолетни.

Жртвите и дел од законодавците со години се залагаа за целосно објавување на документите, со цел да се расветли улогата на влијателни личности и евентуалните институционални прикривања поврзани со случајот.

Ј. Ѓ.

Tags: ЃукановиќЕпстинЛајчакобјавени документипринцезата Мете-Марит
Next Post
Фото: Министерство за правда на САД

Како е споменат Трамп во новите списи за Епстин и во наводите на ФБИ – непроверени обвинувања за оргии, малолетнички и злоупотреби

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk