Милијардерот Нелсон Пелц, татко на актерката и модел Никол Пелц, првпат јавно се огласи за конфликтот меѓу неговото семејство и семејството Бекам, откако неговиот зет Бруклин Бекам неодамна јавно порача дека не планира помирување со своите родители, Викторија и Дејвид Бекам.
Пелц (83) се осврна на семејната драма на настанот WSJD’s Invest Live во Вест Палм Бич, каде даде кратка, но јасна изјава.
„Мојата ќерка и Бекамови се сосема друга приказна и тоа не е тема за денес. Но ќе ви кажам едно – мојата ќерка е сјајна, мојот зет Бруклин е сјаен и се радувам што ќе имаат долг и среќен брак“, изјави Пелц.
На прашањето дали им дава совети како да се справат со тешката ситуација, тој одговори:
„Им давам совети. Понекогаш и тие ми даваат мене.“
View this post on Instagram
Финансиска позадина и предбрачен договор
Во меѓувреме, британската новинарка Марина Хајд во подкастот The Rest Is Entertainment се осврна на финансиската позадина на односите меѓу двете семејства. Таа изјави дека, според нејзини сознанија, семејството Бекам му помага финансиски на Бруклин, но очекува тој постепено да стане финансиски независен.
„Колку што сум слушнала, Бекамови му даваат пари на Бруклин, но не некои екстремни суми, и се надеваат дека ќе застане на свои нозе“, рече Хајд.
Таа додаде дека, наводно, Нелсон Пелц рекол:
„На својата ќерка ѝ давам милион долари џепарлак месечно.“
Според Хајд, Бекамови не очекувале дека нивните деца ќе мора да потпишат предбрачен договор, верувајќи дека финансиската рамнотежа во бракот ќе биде поинаква.
Молк од семејството Бекам
Семејството Бекам досега не ги коментираше јавно обвинувањата на Бруклин. Минатата недела тие заедно се појавија на Неделата на висока мода во Париз, без јавна реакција на настаните.
Во својата објава, Бруклин наведе дека потекнува од „семејство кое над сè ја цени јавната промоција“ и дека откако е со Никол, пронашол „мир и олеснување“ по долгата борба со исцрпувачка вознемиреност.





