ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

По „корнишоните“ во Србија, МВР влезе во ОХИС и заплeни марихуана – ПР маневар или вистинска борба против криминалот?

February 6, 2026 00:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица за опојна дрога.

Од МВР најавуваат повеќе детали по завршувањето на активностите.

Дел од медиумите веќе објавија дека синоќа имало полициска опсада на повеќе објекти во Струмица и Струмичко, како и во Скопје. Објавено е дека десетина комбиња и неколку камиони и полициски возила попладнево влегле во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција.

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во гостување во вестите на МРТ во одговор на прашање за заплената на пет тони марихуана во Србија за која српските власти тврдат дека дошла од Македонија најави дека МВР деновиве, а можеби и денеска, ќе излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана.

– Очекувам деновиве Министерството за внатрешни работи да излезе со десетици тони, не со неколку тони, туку со десетици тони на ваков тип недозволени средства, односно недозволени материи, дрога, марихуана во случајов која во моментов се наоѓа во складиштата во Македонија или, пак, на некаков начин имало односи помеѓу одредени правни субјекти, не само во државата, туку и надвор од државата за коишто е констатирано дека се незаконски пуштени во промет, но и незаконски складирани, потенцираше Мицкоски во гостување во вестите на МРТ.

Костовски: Што ќе каже премиерот, тоа ти е

МТВ денес ја најде формулата да се зборува за аферата со фатената испорака од пет тони марихуана во Србија, под превезот на извоз на корнишони, што кај соседите е тема број еден речиси една недела, пишува новинарот Љубомир Костовски, пренесува Цивил Медиа.

Дрогата е испратена од скопска фирма, која во еден дел, оперативниот, е сместена во скопски ОХИС. Конкретниот „стопански субјект“ е основан непосредно по изборите на кои победи ВМРО-ДПМНЕ (мај 2024), а одговорноста за тоа што се произведувало и како дрогата ја преминала нашата граница со Србија си ја сноси владата на Мицковски и нејзините државни ресурси, пишува Костовски.

„Бидејќи со денови таа афера се криеше на нашите поважни медиуми, МТВ, преку директно соочување со премиерот во вестите денеска во 17 часот го реши својот проблем – што и колку да се каже за оваа голема бламажа и во светски рамки. Па, што ќе каже премиерот – тоа ти е, да не му ја мислат уредниците и да не препрашуваат. Чисти раце.

И што кажа Мицкоски? Речиси ништо. Имало полициска акција, била запленета многу марихуана (!), по што полицијата по втор пат (вчера беше првиот) влезе во ОХИС, по гостувањето на Мицкоски на ТВ, кој за политиката на овозможување на одгледување на марихуана за медицински потреби ја обвини Владата на Заев и ДУИ.

Но законот за регулирање на таа материја го донесе Владата на Груевски, го промовираше тогашниот министер за здравство, Никола Тодоров, а ТВ Сител вршеше пренос како истиот и доделува работна дозвола на првата фирма од тој калибар (МАМ) во април 2017 година, кога СДСМ никако не можеше да ја авансира победата на изборите од декември 2016 година. Првиот добитник е продуцент во ТВ Сител. Ако лаже коза, рог не лаже…

Каква лага на премиерот, кој сега ќе се фали со запленета марихуана! Таа не е нелегална дрога ако е во магацин, туку ако се пушта во промет надвор од Законот. Ама кој во МТВ ќе прашува такви „дребулии“. Што ќе каже премиерот, тоа ти е“, наведува Костовски.

 

Tags: марихуанаМВРМицкоскиОхис
Next Post
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис – 6 февруари 2026

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk