ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Надежта ги напушта студентите – тие ја напуштаат државата

February 10, 2026 16:44
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

По повеќе од 24 часа, студентите кои престојуваат во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид сè уште немаат електрична енергија, оставени се да преживуваат без основни услови за престој,  без греење и топла вода, на ниските температури во зимскиот период. Небаре се наоѓаат во Украина, каде енергетската инфраструктура е нападната од руските агресори. Па и таму со натчовечки напори на екипите за интервенција, струјата се враќа на населението за пократок период. Во организирана држава, и во случај на војна, испадите во електричниот систем се бајпасираат со  агрегати за снабдување со електрична енергија за домаќинствата, училиштата и болниците во земјата.

Кај нас, студентите кои се оставени да мрзнат во студентскиот дом во Охрид преку кратко соопштение од управата на домот вчера  добија само извинување, со образложение дека биле известени од Министерството за образование и наука дека проблемот со снабдувањето со електрична енергија ќе биде решен во текот на утрешниот ден. Утрешниот ден е денес, а струја, според последните информации, нема.

Управата, Министерството, министерката Јаневска, како да не се засегнати да го решат проблемот на студентите . Не само што не се потрудија да најдат привремено решение, да се снабдат со агрегати додека не се реши проблемот, туку не излегоа ниту со изјава во која ќе го лоцираат проблемот, ќе понудат решение, и ќе изразат загриженост и поддршка за студентите, кои се, нели, иднината на земјата, и за кои декларативно се борат да го спречат нивното иселување од земјава.

Напротив, министерката им ја уби надежта на студентите со изјави дека во моментов не постојат услови за позитивен одговор на барањата за бесплатно високо образование.

За проблемите во образованието, и сопствената неспособноста за нивно решавање, повторно ја обвини минатата власт, нагласувајќи дека оваа Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски во моментов е фокусирана на стабилизирање и унапредување на образовниот систем, подобрување на условите во образовните институции (???) и обезбедување одржливи решенија, а не на популистички мерки кои би можеле да го оптоварат буџетот. Ќе беше смешно да не беше трагично.

Кога веќе го спомна работењето на минатата власт, да ја потсетиме министерската Јаневска дека истата таа власт го воведе надоместок за субвенциониран студентскиот оброк, кој сѐ уште им се исплаќа на студентите во висина од 140 денари дневно, откако последната промена на висината на надоместокот за субвенционираниот оброк беше во 2023 година, кога се зголеми од 120 на 140 денари.

И Јаневска, и Министерството, и Владата останаа глуви на барањето од Националното студентско тело, доставено уште во септември, 2025 година, за зголемување на сумата на субвенционираниот студентски оброк од 140 на 150 денари. а за тоа во прилог приложија и пресметка во склад со стапката на инфлација по секоја буџетска година.

Си знае министерката Јаневска дека средства за таква намена во буџетот нема, откако нејзината колешка, министерката за енергетика Сања Божиновска обзнани дека „Буџетот не е во најдобра состојба“, особено сега, кога треба да се штеди за да може владата да купи нов, поголем авион, со кој ќе се шетаат масивните државни делегации со своите прекубројни свити, наместо како досега да се стискаат во комерцијални летови.

А студентите? Тие можат да отпатуваат од државата и со автобус, со купена карта во еден правец.


Текстот е личен став на Авторот

Next Post

МЗ со одговор на ревизијата за ДСЗИ: Сите забелешки ќе бидат корегирани

Shortcut

Најново

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk