ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Наследството на Томаж Пандур живее: Наградуваната „Immaculata“ од СНГ Марибор гостува во МНТ

February 11, 2026 11:42
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На 3 април, на сцената на Македонски народен театар ќе гостува Драмата при Словенечко народно гледалиште Марибор (СНГ) со наградуваната монодрама „Immaculata“ („Безгрешна“), сценско остварување инспирирано од романот Маријиниот завет на Колм Тојбин. Претставата е создадена како омаж на прерано починатиот режисер Томаж Пандур.

Гостувањето е дел од роденденската програма со која МНТ продолжува да го одбележува својот јубилеј – 81 година од постоењето.

„Immaculata“ ја раскажува приказната за Марија, востоличена како Мајка Божја, но во оваа сценска адаптација прикажана во поинтимна и покондензирана форма. Преку исповед што ги мапира нејзините внатрешни пејзажи, Марија ја раскажува својата вистина за настаните што го промениле светот, доведувајќи ги во прашање големите идеи за верата, жртвата и божественото.

Претставата ја истражува тензијата меѓу догмата и човечноста, прикажувајќи ја Марија како жена од месо и крв, избришана од историјата и злоупотребена од религиозните интерпретации, но и како фигура што преку тишината и сомнежот отвора длабоки прашања за загубата и болката.

Во улогата на Марија настапува Наташа Матјашец Рошкер, која за оваа изведба ја доби наградата за најдобра актерка на фестивалот „Мителфест“ во Чедад, Италија, во 2021 година. Драматизацијата и адаптацијата се потпишани од Ливија Пандур и Томаж Пандур.

„Страсно верувам во моќта на театарот и сите мои дела се архетипови на ритуал“, велеше Томаж Пандур, режисер чиј опус остави длабока трага во словенечкиот и европскиот театар. Од „Шехерезада“ до „Фауст“, неговата работа се карактеризираше со истражување на односите меѓу човечкото и божественото, времето и бесконечноста, реалноста и митот.

Ливија Пандур „Immaculata“ ја доживува како личен и театарски чин посветен на неговото наследство. „Ако олтарот е таму каде што клечиме, тогаш мојот олтар е сцената“, вели таа.

Претставата има реализирано бројни меѓународни настапи, меѓу кои во Театро Еспањол во Мадрид, Конхунто де Артес Есценикaс во Гвадалахара, фестивалот „Мителфест“ во Италија, фестивалот СОЛО во Москва и 10. Театарска олимпијада во Будимпешта.

Гостувањето во МНТ е дел од роденденската програма на театарот, кој традиционално ја одбележува годишнината од првата изведена претстава на 3 април 1945 година.

Билетите за „Immaculata“ се веќе во продажба онлајн и на билетарницата во МНТ.

Tags: ImmaculataМНТСНГ МариборТомаж Пандур
Next Post
Фото: Инстаграм

Моника Селеш откри дека боледува од ретка автоимуна болест

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk