Едно лице загина, а четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера во Сараево, кога трамвај излетал од шините во близина на Земалјскиот музеј, потврдија болнички извори.
Трамвајот излетал од шините, урнал заштитна ограда и завршил надвор од трасата, при што прегазил едно лице кое починало на местото на несреќата. Идентитетот на жртвата првично не беше официјално потврден.
Zašto je hitna stala usred raskrsnice? Kao da čeka nešto. #tramvaj #sarajevo pic.twitter.com/I1D9ulmUmx
— Bosnia Reporter (@BosniaReporter) February 12, 2026
Според информациите објавени од босанскиот портал Klix.ba, во несреќата загинал 23-годишен млад човек.
Тешко повредена девојка, извршена ампутација
Лекар од Сараево изјавил дека службите на Итната помош затекнале четири повредени лица, меѓу кои и една малолетна девојка со тешки повреди, која веднаш била пренесена во болница.
Подоцна медиумите објавија дека станува збор за 17-годишна девојка на која лекарите морале да ѝ ампутираат нога. Според Klix.ba, девојката се наоѓа во тешка и животозагрозувачка состојба.
Од Обвинителството на Сараевскиот кантон потврдија дека едно лице загинало во несреќата, додавајќи дека повеќе детали ќе бидат познати по завршување на увидот.
Несреќата се случила на раскрсница каде што минатата година била реконструирана трамвајската пруга и скретницата како дел од поширок проект за модернизација на инфраструктурата.





