ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЦИВИЛ: Пресудата против новинарот Насер Селмани сигнализира опасна пракса и закана за слободата на изразување

February 17, 2026 15:10
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода изразува сериозна загриженост по одлуката на Апелацискиот суд во Скопје што ја потврди пресудата против новинарот и уредник Насер Селмани, кој е осуден за клевета и навреда поради изнесен став во јавна дебата поврзана со медиумската независност и притисоците врз уредувачките политики. Тужбата е поднесена од ТВ Канал 5 и нејзиниот директор Иван Мирчевски, соопштуваат од ЦИВИЛ.

„Пресудата се темели на изјави на Селмани во кои тој укажа дека медиумите во земјата сè уште се под влијание на политичките партии и владата, како и дека директорот на телевизијата врши притисок врз новинарите.

Оваа судска одлука не е изолиран случај. Таа укажува на загрижувачка пракса што сè почесто се повторува, при што критичкото мислење и јавната дебата се изложуваат на судско санкционирање. Наместо заштита на слободата на изразување, се создава амбиент што поттикнува самоцензура и страв од јавно изразување.

Особено загрижува фактот што изјавите за кои е донесена пресудата претставуваат личен став и вредносен суд изнесени во контекст на јавна дебата – форми на изразување што, според европските стандарди и праксата на Европскиот суд за човекови права, уживаат засилена заштита.

ЦИВИЛ предупредува дека ваквите постапки имаат карактеристики на стратешки тужби против јавното учество (SLAPP) – механизми што се користат за притисок, заплашување и замолчување на критичките гласови. Нивниот ефект не е само индивидуален, туку создава поширок „ефект на одвраќање“ од учество во јавната дебата.

Советот на Европа во 2024 година ја донесе Препораката CM/Rec(2024)2, јасно ги повикува земјите членки да обезбедат заштита од вакви злоупотреби и да гарантираат безбедно и поволно опкружување за слободно изразување. Оваа пресуда отвора сериозни прашања во однос на усогласеноста со овие стандарди.

Случајот се одвива и во поширок контекст на тековна јавна дебата за политичкото влијание во медиумскиот сектор, вклучително и јавно изразена загриженост за блиски врски меѓу одредени медиумски актери и политички партии, вклучително и владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Фактот што изјавите се дадени во студиото на медиумската платформа на ЦИВИЛ дополнително ја нагласува сериозноста на случајот и потребата од принципиелна реакција.

ЦИВИЛ изразува целосна поддршка за Насер Селмани и ги повикува новинарските здруженија, граѓанските организации, институциите и меѓународната заедница внимателно да го следат овој и сличните случаи, да реагираат соодветно, како и да ја пружат сета поддршка во рамките на нивните можности, правото и демократските стандарди.

Во демократско општество, критичкото мислење не смее да биде причина за санкција. Секој обид да се нормализира ваква практика претставува чекор назад за демократијата и владеењето на правото.

ЦИВИЛ ќе продолжи внимателно да ги следи сите случаи што укажуваат на притисоци врз слободата на изразување и ќе реагира јавно, одговорно и принципиелно.

Да се санкционира мислењето значи да се ограничи демократијата“, се наведува во соопштението од ЦИВИЛ.

Tags: Насер Селманипресудасуд
Next Post
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Четворица кандидати добија позитивно мислење – Владата ќе одлучува за новиот државен обвинител

EVN

НАЈНОВО

Егзопланета со океанска површина и транзит пред ѕвезда, со спектрален ефект што симболизира анализа на атмосферата.

Биосигнатури: Како научниците бараат живот на планети што никогаш нема да ги посетиме

March 8, 2026

ГЕОПОЛИТИКА: Реториката на „завршувањето на војните“

March 8, 2026
Фото: Скриншот

Експлозија пред американската амбасада во Осло – оштетен влезот, нема повредени

March 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    Русија му дава разузнавачки информации на Иран за позициите на американските сили

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 7 и 8 март

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Курдите се во центарот на новата војна во Иран?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Овенот секогаш оди прв – и зошто тоа го чини многу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Бикот не попушта – тајната сила на тивката издржливост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk