ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Доминација на руската пропаганда: Како се третираат изјавите на Путин во голем дел од македонските медиуми

February 24, 2026 09:49
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

На само еден ден пред 24 февруари, денот кога се одбележуваат 4 години од руската неиспровоцирана агресија врз Украина, за дел од македонските медиуми беше од круцијална важност да ја споделат изјавата на претседателот на државата агресор, рускиот диктатор Владимир Путин, кој во видео обраќање синоќа им го честиташе на Русите Денот на „бранителите на татковината“ кој се одбележува на 23 февруари.

Перјаница на пренесувањето на путиновата изјава не е никој друг, туку токму државната информативна агенција МИА, која со наслов – Путин: Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на вооружените сили и поднаслов – Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на сите родови и служби на своите вооружени сили, изјави рускиот претседател Владимир Путин, го трасира патот на уште еден пробив на руслата пропаганда во македонскиот медиумски простор.

Потоа неколку други медиуми, меѓу кои и мационални телевизии  ја преземат и пласираат изјава со исти –  Путин: Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на вооружените сили, или слични наслови – Путин: Развојот на нуклеарните сили сега е наш апсолутен приоритет, додека некои и со потенцирани сензационалистички наслови како: МОЌНА ПОРАКА ОД КРЕМЉ: „ЌЕ ДЕЈСТВУВАМЕ И ВО НАЈТЕШКИ УСЛОВИ“ – ШТО СЕ ПОДГОТВУВА? и  НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ, „АПСОЛУТЕН ПРИОРИТЕТ“ ЗА ПУТИН Најави зголемување на борбениот потенцијал на Русија, со цел дополнително да и дадат на тежина на изјавата рускиот диктатор.

Настрана фактот што сите досегашни изјави на Путин на крајот излезе дека се невистинити,и само пуста желба на рускиот претседател и за ограничена локална употреба, како таа дека Кијив ќе биде освоен за 3 дена, додека војната е во својата 4 година, и не само што не е освоен главниот град на Украина, туку и „втората“ армија на светот не може да оствари значителни успеси ниту на другите линии на фронтот, истовремено соочувајќи се со енормни загуби во луѓе и техника.

Сепак, за дел од македонските медиуми, изјавите на Путин се како божја заповед, и истите се некритички пренесувани на страните на овие медиуми. Така, се пренесува дека „Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на сите родови и служби на своите вооружени сили„, иако на терен се соочува со огромни губитоци кои се чини дека не може да ги пополни од домашни извори, па користи муниција и дронови од Северна Кореја и Иран, и севернокорејски и војници од Африка.

Се нагласува и изјавата на Путин дека Русија ќе продолжи да ја зајакнува својата војска и морнарица, истата онаа морнарица која загуби значаен дел од своите поморски сили, меѓу кои и , и беше приморана да ја повлече својата флота на сигурна далечина, стравувајќи од нападите на земјата која всушност и нема морнарица, и секако, не ги заборавија и омилените закани со нуклеарно оружје.

За жал, и по 4 години од почетокот на руската агресија, со некритичкото пренесување на изјавите на Путин и други високи руски функционери, во дел од македонските медиуми не престануваат да се шират руските пропагандни наративи.

По повод точно четирите години од почетокот на целосната воена агресија на Русија врз Украина, и како дел од борбата со руските дезинформации, манипулации и малигна пропаганда, ЦИВИЛ – Центар за слобода организира меѓународен онлајн настан со наслов „Четири години агресија: Отпорот на Украина и одговорноста на светот“.

Конференцијата, која ќе се одржи онлајн, утре, на 24 февруари 2026 година во 17:00 часот, ќе обедини аналитичари, новинари, дипломати, креатори на политики и претставници на граѓанското општество од Европа и пошироко. Наместо формално одбележување, настанот е замислен како момент на јасност, одговорност и заедничко преиспитување.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Next Post
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп ги негира извештаите за несогласувања со генералот Кејн

EVN

НАЈНОВО

СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

April 18, 2026

ЗНМ бара максимална транспарентност при изборот на новото раководство на МРТ

April 18, 2026

Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk