Град Скопје отвори нов шелтер-центар наменет за заштита и поддршка на жртви на семејно насилство, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Со потпишување договор, стан во сопственост на Градот е отстапен на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство“, со што се обезбедува сигурен простор за згрижување и помош.
Новиот центар ќе нуди заштита, советување и поддршка, со цел жртвите да добијат безбедно засолниште и услови за нов почеток.
Од безбедносни причини, локацијата на објектот не се објавува.
Според информациите од Град Скопје, оваа активност е дел од заложбите за градење безбедна, солидарна и инклузивна заедница, како и за зајакнување на соработката со граѓанските организации во борбата против семејното насилство.













































































































