ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) горивото од ноќеска на полноќ поскапува за 3,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со одлуката, во која е вкалкулирано и намалувањето на ДДВ од 18 на 10 отсто, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,39 отсто.
Според одлуката, од полноќ максималната малопродажна цена на бензинот еуросупер БС-95 ќе изнесува 86,5 денари/литар, на бензинот еуросупер БС-98 ќе изнесува 88,5 денари/литар, на еуродизелот ќе изнесува 95,5 денари/литар, на екстра лесното масло за горење ќе изнесува 92 денари/литар, а на мазутот М-1 НС ќе биде 47,610 денари/килограм.







