ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Во транзицијата од многумина сиромашни, станаа малкумина екстремно богати, затоа има разочарување и иселување, но само дома си е дома

April 2, 2026 12:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: ФБ профил на Мицкоски

Фото: ФБ профил на Мицкоски

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски во неговото гостување во „Македонија наутро“ на МРТ изјави дека за време на периодот на транзицијата во земјава од многумина сиромашни видовме како малкумина станаа екстремно богати и затоа има големо разочарување и иселување, но испрати порака дека борбата треба да ја водиме тука затоа што само дома си е дома, пренесуваат од Владата.

Премиерот Мицкоски додаде дека кога државата стануваше независна, кога се одвојуваше од поранешната федерација, генерациите кои сонувале за независна македонска држава, дел од нив и нивните родители тоа со живот го платиле, дел од нив завршиле во тогашните југословенски затвори затоа што имале напредни, прогресивни, промакедонски идеи и сето тоа оставило трага во македонскиот идентитет и во колективната меморија.

„Кога се случи независноста дојде транзицијата кога брутално општествениот капитал се трансформираше во приватен капитал и кога од многумина еднакви, станаа малкумина екстремно богати. Тоа остана во таа колективна меморија, голем број од нашите родители преку ноќ ја губеа својата работа, доаѓаа дома со изневерени очекувања, полни со разочарувања, со поглед кон иднината што тоа време беше неизвесен и не ја исклучувам можноста дека голем дел од нив ги советувале своите деца, така разочарани, да својата среќа ја бараат некаде надвор,“ вели премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека потоа дојде новата генерација со поинакви предизвици, но во тоа време тие кои ја водеа државата се водеа претежно од своите лични интереси и на тој начин дополнително ги разочаруваа тие генерации.

„Сето тоа е би рекол еден мозаик на случувања кои останале врежани во колективната свест и не секој тоа може да го прифати онака како што треба да го прифати, свесно трезвено и да се бори со тие предизвици. Некои за жал одлучија да заминат надвор, дел од нив останаа таму, некои има и такви примери се враќаат дома. Дел од младите мислат денеска дека веднаш таму каде ќе отидат ќе станат луѓе кои се многу успешни преку ноќ, дека тоа така ќе биде инстантно, но кога ќе се соочат со вистинската реалност тогаш сфаќаат дека се маргиналци во тие општества“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Во тој контекст, премиерот Мицкоски упати порака дека колку и да е тешко, колку и да тие сеќавања, колку таа колективна меморија од минатото да притиска, да ние сме научени како народ да се бориме и треба од дома да се бориме за себе пред се, за своето семејство и нормално за својата татковина.

„Мораме повторно да ја создадеме онаа припадност кон татковината, кон идентитетот. Јас знам дека имало многу разочарувања поради исплакнати луѓе кои ја воделе државата, но тоа мораме да го надминеме, затоа што ние сме една од најмалкубројните нации во Европа и единствениот начин да успееме е ако ги почитуваме тие вредности. Ако не ги почитуваме тие вредности јас се плашам дека некоја идна наша генерација ќе се соочува со предизвикот за опстанок и дали воопшто ќе постоиме“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека Владата работи на целосна стратегија за младите и тоа е еден од врвните приоритети и не само за тоа туку и за формирањето семејство, за поддршката за родителите.

Next Post

Димитијевиќ: Савевски работи по нарачка на Мицкоски, го спасува криминалниот имот на ВМРО-ОКГ

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk