ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Мицкоски: Новиот закон за високо образование е стожер за иднината и квалитетот на државата

April 16, 2026 11:06
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја презентираше рамката на новото законско решение за високото образование, оценувајќи го како клучен системски чекор кој треба да стави крај на долгогодишните импровизации и експерименти во овој сектор, соопштуваат од Владата.

Според премиерот, досегашните решенија донесени во 2018 година предизвикале сериозни штети, намалувајќи ја научната продукција и квалитетот на наставата, поради што е неопходна суштинска трансформација.

Мицкоски нагласи дека новиот закон е плод на вистинско партнерство со академската заедница и широка дебата со универзитетите, експертите и студентите. Една од клучните новини е креирањето услови за задржување на младиот кадар во земјава. За прв пат, најдобрите студенти кои завршиле на првите 100 светски универзитети со државни стипендии, како и најуспешните дипломци од домашните универзитети, ќе имаат приоритет при вработување на државните високообразовни установи.

Владата, според Мицкоски, воведува и целосно нов модел на финансирање на универзитетите, каде распределбата на средствата ќе се врши врз основа на постигнатите резултати и вложениот труд. Мицкоски информираше дека овогодинешниот буџет за универзитетите е значително зголемен и изнесува 7,5 милијарди денари, најавувајќи дека овој тренд на зголемување ќе продолжи и во наредните години.

Тој истакнува Главниот фокус на реформите ќе биде ставен на јакнење на научната дејност, зголемување на цитираноста на македонските професори и подобрување на меѓународната видливост на домашните високообразовни центри. Крајната цел е македонските универзитети повторно да станат конкурентни во регионот и значително да го подобрат својот пласман на престижната Шангајска ранг-листа.

Премиерот упати сериозно предупредување дека доколку не се понуди квалитет, државата ќе продолжи масовно да ги губи младите генерации кои во моментов често избираат да студираат на универзитетите во соседните земји. Тој истакна дека ова не е само политичко, туку суштинско државно прашање кое ја одредува иднината на татковината.

Мицкоски ја повика целата академска заедница да се вклучи и да додаде вредност во овој процес, нагласувајќи дека Владата ќе се бори за иднина исполнета со просперитет, наспроти, како што рече, опозициските структури кои сакаат враќање кон времињата на криминал и неквалитет. „Или ќе ја работиме работата како што треба или подобро воопшто да не ја работиме. Јас ќе се борам да имаме многу поголема иднина,“ порача претседателот на Владата.

Next Post

Комисијата за култура на СДСМ со поддршка за протестот на културните работници: Почитувањето на Колективниот договор е законска обврска

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk