Кралицата на попот, Мадона, уште еднаш докажа дека контроверзноста е нераскинлив дел од нејзиниот бренд. Пред најавеното лансирање на нејзиниот нов албум „Confessions II“ подоцна оваа година, поп-ѕвездата ја ажурираше својата веб-страница со ново лого кое веднаш предизвика бурни реакции во јавноста и на социјалните мрежи.
Madonna unveils logo for her new album ‘Confessions II.’ pic.twitter.com/EvzCUSt9mL
— Pop Base (@PopBase) April 14, 2026
Спорниот дизајн прикажува пар нозе во чорапи и чизми до колена кои ја формираат буквата „М“, додека во средината е поставен звучник кој алудира на интимните делови од женската анатомија. Додека дел од јавноста на социјалната мрежа Х го нарекуваат логото „вулгарно“ и „опсцено“, долгогодишните фанови потсетуваат дека ова е класичен потег на уметницата која низ целата кариера ги спојува сексуалноста и религијата. Естетски, логото е директна референца на култниот албум од 2005 година, „Confessions on a Dance Floor“, и спотот за хитот „Hung Up“.
View this post on Instagram
Покрај визуелниот идентитет, музичките критичари ја отворија дебатата дали Мадона за првпат во својата кариера почнува да им робува на носталгијата и на старите успеси наместо да се реинвентира. По најдолгата пауза во нејзината кариера, 67-годишната икона се одлучи за продолжение на својот најуспешен електро-албум. Сепак, официјалните информации потврдуваат дека албумот „Confessions Part II“ ќе биде објавен на 3 јули, а контроверзното лого ќе се појави на лимитираното винил издание.
Во официјалното соопштение, Мадона сподели и дел од стиховите на новата песна „One Step Away“, нагласувајќи дека танцовата музика не е површна, туку претставува ритуален простор каде движењето го заменува јазикот. Иако логото подигна многу прашина, првичните аудио записи на нејзината страница сугерираат дека фановите можеби ги очекува изненадување во форма на експериментални амбиентални звуци, што би било во согласност со нејзиниот непредвидлив карактер.
Редакција Фронтлајн





