ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

April 17, 2026 10:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Венко Филипче во името на СДСМ упати официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија како и амбасадорите на земјите членки на ЕУ за сериозното нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија, соопштуваат од СДСМ.

„Подолг период сведочиме на системско поткопување на поделбата на власта, владеењето на правото и основните принципи на уставноста. Постои реална и основана загриженост дека извршната власт спроведува координирана стратегија за навлегување во судската независност, што укажува на јасна и систематска инсталација на авторитаризам„ стои во писмота.

Од СДСМ велат дека директно се посочува улогата на премиерот Христијан Мицкоски и се нотираат најавите со закани врз опозицијата и најавата за политички прогон:

„Имам чувство, кога набргу, високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада, нивни блиски од семејството итн ќе бидат опфатени со одредени прогони. Имам чувство не велам дека имам информации, имам чувство.“

Оваа изјава, потенцираат од СДСМ, за политички реваншизам претставува директна закана за демократскиот плурализам. Неговото „чувство“ дека ќе следуваат конкретни постапки е транспарентен показател за намера за извршна контрола врз обвинителството и судството, односно подготовка на политички монтирани процеси.

Со ваквото однесување, користејќи ги двете функции – премиер и претседател на ВМРО Мицкоски ги претвора државните институции во инструмент на партиска пресметка, а истовремено ги користи како заштитен штит за сопствените структури, наведува претседателот Филипче во писмата.

СДСМ документира организирана делегитимизација на правосудниот систем и бара итна реакција од европските институции, нагласувајќи дека:

„Ваквото однесување е целосно неспоиво со вредностите на држава која претендира за членство во Европската Унија.“

СДСМ останува цврсто посветен на европскиот пат на државата и ќе продолжи да се бори за заштита на демократијата, владеењето на правото и институционалниот интегритет, се нагласува во партиското соопштение.

Next Post
Фото: Влада РСМ

Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

Shortcut

Најново

Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

„Кога не би бил институција, знам како се решава ова“: Мицкоски очекува судовите да постапат за заканите упатени кон него

September 14, 2026

СДСМ бара истрага од Обвинителството: Каде завршија 5,5 милиони евра од лотаријата за прославата со Дејвид Гета?

September 14, 2026

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk