Додека Скопје се дави во загадување, јавниот превоз практично не постои, инфраструктурата се распаѓа, а сè повеќе луѓе едвај врзуваат крај со крај – Борко Ристовски и Орце Ѓорѓиевски свечено отвораат уште едно игралиште.
Убаво е да има спортски терени. Но ова не е политика – ова е декор, фотосесија во време кога главниот град се распаѓа.
Како граѓаните да стигнат до тој „уреден простор“ кога градот е парализиран од сообраќаен хаос? Како да спортуваат кога секојдневието им е борба за основна егзистенција? И кому точно му служи ова, ако системските проблеми се игнорираат?
Не е проблем што се гради игралиште. Проблем е што тоа се претставува како одговор на проблемите на градот што се распаѓа.
Извор: ГРАДСКА
