Почина новинарката Гордана Дувњак (61), по долго и тешко боледување. Веста за нејзиното заминување ја потврди нејзиниот син, Мартин Дувњак.
Гордана Дувњак како новинарка започна во 1988 година во Македонската радио-телевизија. Работеше и со „Нова Македонија“ и во „Утрински весник“ (1999–2017), каде како новинарка и уредничка стана препознатливо име во новинарството.
По затворањето на „Утрински весник“, Дувњак ја продолжи својата уредничка дејност во новинската агенција „Макфакс“ и телевизијата „1ТВ“, и во неделникот „Фокус“.
Погребот на Гордана Дувњак ќе се одржи утре, 22 април, на градските гробишта во Бутел.







