Триесет и тригодишен битолчанец е лишен од слобода откако утрово со нож ја нападнал и усмртил својата сопруга во Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, денеска околу 06:40 часот, А.Р.(33) од Битола со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31), со која не живееле заедно. Жената од здобиените повреди починала на местото на настанот, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Од полицијата соопштија дека осомничениот веднаш бил приведен од полициски службеници од СВР Битола и задржан во полициска станица.
„По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.






