ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена

May 28, 2026 13:49
in ЕКОНОМИЈА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Денот на менструалната хигиена, 28 мај, dm drogerie markt го продолжува проектот „Никогаш повеќе сама“ со фокус на едукација, отворен разговор и директна поддршка за младите девојки и студентки. Во текот на мај, Бести, најдобрата другарка, поддршка и глас на младите девојки во рамки на проектот, заедно со прим. д-р Искра Дукова, специјалист по гинекологија и акушерство и дел од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО, ги посети студентките на три локации во Скопје, каде што беа организирани едукативни работилници посветени на менструалното здравје и хигиена.

Средбите се одржаа на шести мај во студентскиот дом „Гоце Делчев“, на седми мај во студентскиот дом „Пелагонија“ и на 12 мај во Студентскиот културен центар, со повеќе од 50 присутни студентки на секој настан. Работилниците беа осмислени како отворен разговор помеѓу Бести, прим. д-р Искра Дукова и присутните.

– Преку работилниците сакавме да создадеме безбеден и отворен простор во кој студентките ќе можат да добијат стручни информации и да постават прашања без непријатност или стигма. Бести е симбол на поддршка, блискост и разбирање, а со нејзиното физичко присуство ја зајакнуваме комуникацијата со младите и ја правиме темата за менструално здравје подостапна и поприродна за разговор – изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникација во dm.

Како дел од настаните, студентките имаа можност да дегустираат dmBio закуски и да добијат подароци, со што работилниците беа заокружени како едукативни, но и поддржувачки средби посветени на нивното здравје, информираност и секојдневна грижа.

По повод Денот на менструалната хигиена, dm подготви дополнителна активност и за купувачите. На 28 мај, во сите dm продавници, со сметка над 300 денари, секоја девојка и жена на каса ќе добие Jessa подарок. Со оваа активност, dm сака да ја поттикне свесноста за важноста на менструалната хигиена и да овозможи дополнителна поддршка при изборот на производи за секојдневна грижа.

Во рамки на проектот „Никогаш повеќе сама“, во текот на месецот се пласира и едукативен видеосеријал со Бести, посветен на теми поврзани со менструалното здравје, хигиената, митовите и табуата. Со тоа, пораките од работилниците продолжуваат да допираат до младите и преку дигитални канали, нудејќи информации во формат близок до нивните навики и секојдневие.

Иницијативата „Никогаш повеќе сама“ започна во октомври 2024 година, кога dm drogerie markt обезбеди бесплатен пристап до хигиенски влошки за студентките на државните факултети низ земјата преку поставување на повеќе од 220 диспанзери. Во текот на студентската 2024/2025 година беа донирани 230.000 поединечни Jessa влошки, во вредност од 1,8 милиони денари, а поддршката продолжува и во академската 2025/2026 година со повеќе од 320.000 дополнителни поединечни Jessa влошки, чија вредност надминува 1 милион денари, како и со засилени едукативни активности преку видеосеријал, панел-дискусии и други содржини посветени на менструалното здравје како важен дел од грижата за младите жени.

Next Post

Националниот џез оркестар за првпат во Струмица - отворање на „JAZZ STReam Festival“

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk