ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

ОФИЦИЈАЛНО: Андони Ираола е нов главен тренер на Ливерпул

June 4, 2026 21:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Андони Ираола и официјално е потврден за нов главен тренер на фудбалскиот клуб Ливерпул, откако потпиша двегодишен договор. Четириесет и тригодишниот Шпански стратег пристигнува на „Енфилд“ по импресивни три години поминати на клупата на Борнмут, предводејќи го клубот од јужниот брег до прв пласман во европските купови во неговата историја.

Ираола експресно изби како главен фаворит за позицијата по саботниот отказ на Арне Слот. Клучна улога во неговото ангажирање имаше спортскиот директор на Ливерпул, Ричард Хјуз, кој претходно го назначи Шпанецот и за шеф на стручниот штаб во Борнмут. Преговорите се водеа во текот на викендот кога беше постигнат и дефинитивниот договор, по што Ираола во четвртокот допатува во Мерсисајд за да го стави својот потпис на соработката.

Возбуда за новото поглавје на „Енфилд“

Откако ги заврши медиумските обврски за клупската телевизија и првпат во новата улога го посети стадионот „Енфилд“, тој и официјално беше претставен пред јавноста.

„Ливерпул е голем клуб, масивен клуб, еден од најголемите во светот. Но, чувствувајќи го одвнатре и разбирајќи го малку повеќе, секогаш мислев дека е посебен клуб. Не ви требаат многу нешта за да ве привлече Ливерпул. Ливерпул е Ливерпул. Секако, атмосферата, навивачите, клубот, играчите, шансата за мене да тренирам играчи од врвно ниво и можноста да се борам за титули – мислам дека не може да биде попривлечно од ова. Тешко е да се најде нешто слично, па затоа сум навистина возбуден што започнувам“, изјави Ираола за официјалната веб-страница на клубот.

Се очекува во неговиот нов стручен штаб на „Енфилд“ да се приклучат и неговите досегашни колеги од Борнмут: Томи Елфик, Шон Купер, Пабло де ла Торе и Том Вебер.

Стил на игра по вкусот на навивачите

Стилот на игра на Ираола важи за многу поблизок до она што навивачите на Ливерпул го очекуваат од тимот – висок пресинг и голема енергија, карактеристики кои се многу послични на ерата на Јирген Клоп. Поранешниот фудбалер на Атлетик Билбао во својата тренерска кариера претходно ги предводеше и екипите на АЕК Ларнака, Мирандес и Рајо Валјекано, пред да се пресели во Премиер лигата во 2023 година.

Ираола, исто како и Слот и Клоп пред него, претпочита варијација на формацијата 4-3-3, во која главно се стреми да го наруши противникот со брзи крилни напаѓачи и агресивен притисок кога тимот ја нема топката во свој посед. Оваа тактика се покажа како исклучително успешна во Борнмут, со кој минатата сезона заврши на шестото место во Премиер лигата и обезбеди директно учество во Лига Европа за првпат во клупската историја.

Новиот предводник ќе ја започне работата во тренинг центарот „АХА“ на почетокот на јули со стартот на претсезонските подготовки, додека неговиот прв натпревар на „Енфилд“ е закажан за 9 август, во пријателска средба против екипата на Монако.

Next Post

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk