ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Дејан Дуковски во фокусот на „Војдан Чернодрински“: Од Прилеп се лансирав како автор

June 8, 2026 14:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на 60-то издание на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, вчера се одржа централен разговор посветен во чест на истакнатиот драмски писател Дејан Дуковски, кој годинава е автор во фокусот на фестивалот. Пред бројната публика и во топла атмосфера, Дуковски се осврна на своите почетоци и на клучната улога што овој фестивал ја одиграл во неговото професионално созревање. Тој се потсети дека уште како студент учествувал со драмскиот текст „Балканот не е мртов“, љубовна приказна меѓу Турчин и Македонка, која тогаш наишла на сериозни напади дека е насочена против македонската кауза. Сепак, благодарение на неколкумина луѓе на фестивалот кои застанале зад претставата, тој ја добил наградата за најдобар текст, што го лансирало како автор.

Како предвесник на овој разговор, во фоајето на Центарот за култура беше отворена изложба на 75 театарски плакати од претстави работени според драмите на Дуковски ширум светот, чиј автор е Јасмина Алексова. Алексова појасни дека изложбата обединува две уметнички практики – драмската и ликовната, нагласувајќи дека плакатот сам по себе претставува визуелен сублимат на текстот кој има задача да ја испровоцира публиката.

За време на дискусијата со театрологот Ана Стојаноска, Дуковски евоцираше спомени за својот учител Горан Стефановски, кој ги учел студентите дека сè е веќе напишано во античката драма и дека авторите треба да ги разработуваат истите теми. Во однос на соработката со режисерите, тој призна дека не секогаш имал среќа, но дека драмата ја разбираме вистински дури кога ќе ја видиме на сцена, бидејќи таа не е уметност на самите зборови, туку на контекстите и чувствата кои актерите најдобро ги детектираат. Најавувајќи го гостувањето на неговата најнова претстава „Црно злато“ во режија на Оливер Фрлјиќ, која ќе го затвори фестивалот в петок, тој истакна дека Фрлјиќ во моментов е еден од поинтересните режисери кој нуди автентичен, свеж и во овој случај посмирен драмски израз. Паралелно, Оливера Ќорвезироска од издавачката куќа „Арс Ламина“ ги промовираше двете книги драми на Дејан Дуковски, објавени во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“. Ќорвезироска истакна дека ова двотомно издание, кое содржи десет драми заедно со најновата „Црно злато (Опиум или Пари)“, претставува значаен ориентир за македонската драма, театар и книжевност.

Тркалезни маси за претставите „Калигула“, „Црнила“ и „Челинџ“

На фестивалот се одржаа и три тркалезни маси на кои стручната јавност и ансамблите дебатираа за претставите од официјалната програма. За кумановската изведба на „Калигула“ од Албер Ками, во режија на Ѓорѓи Ризески, беше посочено дека претставува комплексно остварување кое преку историската маска ги отвора радикалните прашања за човечката слобода и современото насилство во светот. Актерот Марко Трајковиќ, кој го толкува насловниот лик, појасни дека поттикот го нашол во моментите кога Калигула зборува за самотијата и болката. Продуцентката Симона Тоскиќ додаде дека претставата е завршена со релативно мали средства, но со огромна верба и прекрасна енергија на актерите, потенцирајќи ја неопходноста од продуценти во секој театар.

На дискусијата за прилепската претстава „Црнила“, во режија на Дејан Пројковски, фокусот беше ставен на спојот меѓу агресивноста и нежноста, како и на успешните актерски игра и јазични интервенции. Драматургот Лидија Митоска Ѓорѓиовска објасни дека најголемиот предизвик бил да се задржи препознатливиот стил на Коле Чашуле од 1960 година, но јазикот да не звучи анахроно, туку современо за денешното време. Актерот Никола Степанулески додаде дека Чашуле е генијалец кој ги лоцирал суштинските македонски болки, признавајќи дека ликот на Луков барал силен внатрешен уметнички процес пред да се изгради на сцената. За претставата „Челинџ“ во изведба на Театарот за деца и младинци од Скопје, театрологот Ана Стојаноска упати пофалби до ансамблот за храброста да се говори за теми кои возрасните често ги забораваат, а децата будно ги перцепираат и бараат од театарот да ги отвори.

Денешна програма на МТФ „Војдан Чернодрински“

Фестивалската програма за денес (8 јуни, понеделник) започна во 10:00 часот кај Саат-кулата со активностите во „Детската зона“, поддржана од „Чекор по чекор“ и „Јавен простор“. Напладне во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ се одржаа редовните разговори на тркалезната маса, додека за 17:00 часот во веганскиот и вегетаријански ресторан/бар „Аура“ е закажана научната трибина со наслов „Помеѓу отворениот дијалог и удобниот молк: театарот и општеството“.

Вечерниот репертоар продолжува во 19:00 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“, каде НУ Турски театар – Скопје ќе ја одигра претставата „Амадеус“ во времетраење од 120 минути, по што веднаш ќе следуваат разговори на тркалезната маса. Програмата за денешниот ден ќе биде заокружена на Сцена 105 во 21:00 часот, со изведба на претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“ во продукција на „Штрих“ од Скопје.

Next Post

Мицкоски: Ќе сториме сè за да им помогнеме на извозно ориентираните компании во реализација на нивните амбиции

Shortcut

Најново

Со прекугранична вело-тура околу Охридското Езеро успешно заокружени активностите за Денот на Европа 2026

June 8, 2026

СДСМ: Фронтот за вистина и правда е повик за надпартиско обединување за иднината на државата

June 8, 2026

Мицкоски: Ќе сториме сè за да им помогнеме на извозно ориентираните компании во реализација на нивните амбиции

June 8, 2026

Дејан Дуковски во фокусот на „Војдан Чернодрински“: Од Прилеп се лансирав како автор

June 8, 2026

Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје

June 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk