ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Работна средба на тема брендирање на текстилни компании и како да се освојат нови пазари

December 22, 2020 18:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за странски инвестции и промоција на извозот денеска одржа работена средба на тема „Брендирање на текстилни компании во Република Северна Македонија“ со извршната директорка на Текстилниот кластер, Наташа Сивевска и со повеќе претставници од реномирани текстилни компании кои развиваат сопствени брендови.

– Целта на средбата беше да се разменат мислења како да се додаде нова поголема вредност во текстилната индустрија и како да се освојуваат нови пазари, велат од Агенцијата за странски инвестции и промоција на извозот.

На средбата компаниите ги изнеле своите предизвици и дале предлози како и на кој начин дополнително Агенцијата би можела да се вклучи во постигнување на вака поставената цел заради зголемување на извозот.

– Нивните барања се насочени кон поголема финансиска поддршка, едукација и обуки за пласман на странскиот пазар од страна на државата. Главен заклучок на работната средба беше дека зголемувањето на вредноста може да се направи само со етаблирање на сопствени брендови, надминување на логистички предизвици, набавка на модерна опрема и организиран настап на странските пазари, велат од Агенцијата.

Оттаму потенцираат дека Агенцијата ги поддржува текстилните компании за учество на саеми во повеќе европски метрополи, како што е саемот Munich Fabric Start одржан минатата година, каде компаниите можеа да остварат соработка со светски реномирани брендови и да направат промоција на сопствените производи. Преку законот за финансиска поддршка и од страна на Агенцијата се поддржуваат компаниите во активностите за зголемување на сопствената конкурентност, воведување на нови технологии во производството, модернизирање на опремата, освојување на нови пазари.

– Развивањето на препознатлив бренд претставува тешка и напорна работа со големи вложувања и инвестиции, како и едукација, маркетинг, дизајн, логистика и дистрибуција. Поединечниот настап е исклучително тежок за овие компании, па во таа насока, Агенцијата е подготвена да излезе во пресрет на барањата на компаниите и да поддржи заеднички и организиран пристап преку учество на меѓународни саеми, едукациска и финансиска поддршка и редовни состаноци со Текстилниот кластер и компаниите членки на кластерот, истакнуваат од Агенцијата. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кина и Русија го осудија нападот на САД врз нуклеарните објекти на Иран

June 22, 2025

Чупеска: ВМРО-ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

June 22, 2025

Прес на Пентагон: Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна

June 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Концерт „ШЛАГ ШЛАГЕРИ – Ко некад у 8“ во рамки на фестивалот Скопско лето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk