ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

МЖСПП: Евтините сензори за аерозагадувањето не се сигурни, ниту се валидни

Според МЖСПП, мерењата со мобилните сензори покажуваат прилично нереални резултати зашто сензорите имаат висока вредност на граница на детекција и не може со сигурност да се земат предвид измерените податоци. Резолуцијата при мерењето е различна и резултатите може да покажат разлика и до 1.000 пати.

November 21, 2019 22:34
in ЗЕЛЕНА СТРАНА
Share on FacebookShare on Twitter

Малите, евтини сензори (low cost sensors) кои сé почесто се користат за мерење на аерозагадувањето, не се сигурни, ниту даваат валидни, релевантни податоци, предупредува Министерството за животна средина.Ваквите уреди, според Министерството, се далеку од референтните и индикативните станици и не можат да бидат основа за мониторинг и оцена на квалитетот на амбиентниот воздух, пренесе МИА.

– За разлика од мерењата кои се вршат со Државиот мониторинг систем за квалитет на воздухот (ДАМСКАВ), сé почесто во државава се шпекулира со податоци добиени од мерења со уреди кои популарно се наречени сензори (Low Cost Sensors), кои не може да се земат предвид заради нивната голема мерна несигурност, дури ниту за индикативни мерења (примерот со Ѓорче Петров и Прилеп). Индикативни мерења се сметаат оние чиј критериум за квалитет на податоци е понизок од критериумот кој се однесува на фиксните мерења, a конкретно за ПМ10 и ПМ2.5 се оние кои имаат до 50 проценти мерна неодреденост во споредба со референтната метода. Многу ретки се сензорите кои можат да имаат мерна неодреденост и до 75 отсто, а голем дел од нив не даваат информација како е таа пресметана, што е најзначајно во целиот процес на мерење, појаснува Министерството.

Според МЖСПП, мерењата со мобилните сензори покажуваат прилично нереални резултати зашто сензорите имаат висока вредност на граница на детекција и не може со сигурност да се земат предвид измерените податоци. Резолуцијата при мерењето е различна и резултатите може да покажат разлика и до 1.000 пати.

– Друга причина за несигурноста на резултатите добиени од ваквите сензори е што имаат висока осетливост на промени на температурата и влажноста и кај нив се забележува взаемна реакција на слични типови на молекули. Тоа значи дека постои голема веројатност дека не можат да се разграничат различните загадувачки супстанции. Конверзиите од бројачите на честички во маса на PM се базирани на теоретски модел и мерениот сигнал зависи од многу фактори, како што е самиот облик на микро честичката, бојата и густината, влажноста, индексот на рефлексија, наведува Министерството.

МЖСПП изготвува тридневна прогноза на квалитетот на воздухот со користење податоци обработени со регионален модел СИЛАМ развиен од страна на Финскиот метеоролошки институт (ФМИ). Моделот обезбедува 72-часовна прогноза на аерозагадувањето на национално ниво за загадувачки супстанции ПМ2.5, ПМ10, сулфур диоксид (SO2), натриум диоксид (NO2), јаглерод моноксид (CO) и озон (O3), кои се презентираат на веб порталот за Квалитет на воздух во РСМ.

– Обработката на податоците се врши во реално време на супер сервер во Финска за цела Европа, а на нашиот портал се прави визуелизација на резултатите кои се однесуваат на подрачјето на државата со висока резолуција 10 на10 километри. Моделирањето на квалитетот на воздухот носи голема несигурност. Особено кога станува збор за моделирање на концентрацијата на ПM честичките, што се должи на различните природни и антропогени извори на ПM честички, како и локални извори на ПM кои неможат да се земат во предвид при моделирањето. Целта на прогнозата на аерозагадувањето е да се предвиди движење на одредени воздушни маси кои би условиле депонирање на одредено загадување на одреден регион, а не да се детектираат конкретни извори на загадување, истакнува Министерството.

Next Post

Собранието ги донесе измените на Законот за земјоделство и рурален развој

Shortcut

Најново

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk