ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кога Мицко го сретна Бојко…

Меѓународната заедница и денеска не е на чисто што ќе добијат од ВМРО-ДПМНЕ, во смисла на регионалната стабилност и просперитет, доколку тие, некако, се вратат на власт во Македонија? Им требаат недвосмислени, јасни одговори, а не евтини политички досетки.

November 22, 2019 08:41
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Објективно, се чини дека г. Мицкоски нема за што да се лути: целата епизода од средбата со бугарскиот премиер Борисов е една „тврда“ лекција за тоа како изгледа да си играш – добро, се извинувам, да водиш – „висока политика“, а да сакаш да седиш на две-три столчиња истовремено. Г-динот Борисов прво му ја расчисти масата на г. Мицкоски за да почне состанокот, ги раскомоти македонските колеги, а потоа му постави неколку логички прашања на лидерот на македонската опозиција. Тоа се истите прашања за кои во Македонија две години се обидуваме да извлечеме јасен одговор, а постојано добиваме образложенија во вид на елиптични флоскули, двозначни и трозначни „математички прецизни“ формулации, а всушност бесмислена политичка демагогија, мешана со наводна проникливост: „Сè што е позитивно за двете страни – му вели Мицкоски на Борисов – ние го поддржуваме. Да немате дилема!“… Немаме дилема. Имаме трилема.

И не само ние што не добиваме јасни одговори, туку на истиот лицемерен начин си играат дрндупка со низа високи претставници и од ЕУ, во билатерални средби со земји-членки на таа Унија, како и со Американците. Резултат? Меѓународната заедница и денеска не е на чисто што ќе добијат од ВМРО-ДПМНЕ, во смисла на регионалната стабилност и просперитет, доколку тие, некако, се вратат на власт во Македонија? Им требаат недвосмислени, јасни одговори, а не евтини политички досетки.

За тоа нема никакво значење кој каде студирал, чија стипендија користел за магистратура и докторат, а ни со кого е женет… Брилијантна е забелешката дека и Ким Џонг Ун дипломирал во Швајцарија, па не е Швајцарец.

Во безброј прилики ова јавно му се укажува на ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Одговорот од таму е дека сите тие (ние) кои ги поставуваме ваквите прашања сме „платеници на Заев“ и дел од пропагандниот апарат на СДСМ. Добро. Тоа можеби поминува во Драчево и Карбинци, ама не и кај Борисов. За некои поголеми и поважни од Борисов, обаче, и дума да не стане!

Тоа е резултатот на таа опозициска стратегија доброволно да се исклучат, а потоа од петни жили и да му контрираат на процесот на македонската евро-атлантска интеграција. Тој процес и така е валкан и компликуван – користам прилика, уште еднаш, да го поздравиме г. Макрон – но со клиповите што нашата опозиција упорно ги ставаше речиси на секој чекор од ова историско патешествие, не само што ја зголеми неизвесноста за конечниот успех на овој стратегиски зафат, туку толку многу ја избербати внатрешно-политичката цена за постигнувањето на неопходните компромиси, што од тие морално-политички последици тешко ќе се опорави духот на оваа генерација македонски граѓани.

А, да биде иронијата уште поголема, ВМРО-ДПМНЕ е прозападна, проевропска партија. Но, од „дрвото“ за спас на груевизмот, не ја видоа „шумата“ на македонскиот државен и национален интерес. Тоа е јасен лидерски пропуст, за кој нема оправдување. Се извинувам, ама така е.

CIVIL MEDIA

 


Сите права се задржани. Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK. ПРЕЗЕМАЊЕТО (и делумно и целосно) НА КОЛУМНИТЕ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 15 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ.
Со неовластено преземање на делови или цели прилози од оваа веб страница, СЕ СОГЛАСУВАТЕ на FRONTLINE.MK да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Next Post

Одбележување на Денот на албанската азбука

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk