ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Онлајн протест „Стоматологијата на респиратор“ – се бара субвенционирање на сите приватни стоматолошки установи

December 24, 2020 15:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Субвенционирање на сите приватни здравствени установи кои што имаат под 1 500 пациенти за износот, до 1 500 капитирани пациенти, сите ПЗУ кои работат надвор од мрежата да бидат помогнати со бруто плати и да се зголеми бројот на пациенти по тим за добивање на лиценца на 1 500 до 2 000 жители, бара Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина, кои денеска одржаа онлајн протест под мотото „Стоматологијата на респиратор“

Дополнително, Здружението бара внесување во Закон за здравствена заштита методологија за
пресметка на минимални референтни цени на стоматолошки услуги, како и дефинирање на минимална плата за стоматолог и сестра во приватниот сектор, по примерот на јавно здравство и минималните референтни цени ФЗО да ги пресметува согласно предложената Методологија од здружението.

Претседателот на здружението Жарко Ѓорѓиев, порача дека овој протест е почетен, и најави дека ќе продолжи се додека нема одговор од надлежните институции и не се седне на преговарачка маса да се реши проблемот.

– Нашите барања ќе бидат проследени до премиерот, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување со надеж дека ќе добиеме повратен одговор со цел што поскоро да почнеме со преговори и да се реализираат барањата, рече Ѓорѓиев.

Пандемијата и новите протоколи за работа, посочи тој, дополнително ја отежниле работата и ги зголемиле трошоците.

– Притистнати од сите три проблеми пред два месеци со писмен допис до Министерот за здравство побаравме прекинатите преговори да продолжат. До ден денешен повратен одговор не добивме. Нашите барања да започнеме со преговори и промена на блок на финансирање како мерка за опстанок на приватните стоматолози се уште стојат актуелни и заклучени во некоја фиока, изјави Ѓорѓиев.

На протестот беше посочено дека во општа стоматологија има, преку 800 тимови со помалку од 1 500 капитирани пациенти кои и досега не биле во можност да ги покријат основните трошоци за да би исплатиле минимални плати по тим и дека затоа, Здружението бара напуштање на финансирањето во општа стоматологија по моделот на капитација и градење на нов модел на финансирање според завршена стоматолошка услуга со утврден минимален загарантиран праг на месечен износ по тим и анализа на реализираните услуги до и над договорениот фиксен дел.

 

/МИА/
Next Post

Филипче: Наша цел е трајно вработување на младите лекари

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk