ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерката Шахпаска во посета на СОС Детско село

December 24, 2020 16:04
in ДЕНЕС, МОЗАИК, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска беше во посета на СОС Детското село во Скопје, каде што се сретна и разговараше со лицата кои ја менаџираат работата во Детското село,  згрижувачите кои во улога на родители пружаат 24 часовна грижа и со дел од децата кои живеат во него.На средбата стана збор за сите оние активности кои се имплементираат во сферата на социјалната реформа,грижата за децата без родители и родителска грижа, а со згрижувачите кои се во улога на родители за нивниот ангажман во склоп на СОС Детското село, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

„Грижата за најмладите, особено децата без родители и родителска грижа е еден од приоритетите на Министерството за труд и социјална политика. Се согласивме дека таа грижа треба да биде континуирана, професионална од стручни  даватели на услуги кои ќе им даваат поддршка на децата во социјален ризик и ќе се грижат за нивниот воспитно-образовен процес и понатаму во нивната активација на пазарот на труд,“ посочи Шахпаска.

Министерката го посети и Ресурниот центар кој има за цел да ги зајакне капацитетите на семејствата за квалитетна грижа и заштита на своите деца и да пружи интервентна поддршка за децата и родителите во криза.

Ресурсниот центар вклучува едукативна поддршка, поддршка во храна, осигурување на нивното физичко, психо-социјално и емоционално здравје и унапредување на животните услови, со цел олеснување на пристапот до правата на децата за развој и заштита.

Во моментот во СОС Детското село  згрижени се 57 деца во 13 Згрижувачки семејства со дополнителна поддршка од стручен тим.

Next Post

Во Куманово почнаа обуките за невработени лица, корисници на гарантирана минимална помош

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk