„Имаме одличен менаџерски тим кој за три години има изградено од гасоводот колку што немаше во изминатите 30 години. Само еден крак кај Штип е долг 61 километар. Сега се гради гасоводна мрежа од над 150 километри и со тоа ќе биде целосно завршена гасоводната мрежа.“- одговори министерот за економија, Крешник Бектеши, како реплика кон пратениците на ВМРО ДПМНЕ и направи разлика колку оваа влада е посветена на гасоводот, а колку не биле посветени претходните влади.
Министетот рече дека на овој начин ќе добиеме поевтин енергенс кој ќе биде конкурентен и на евроспко тло и ќе има намалување на негативните ефекти врз животната средина.