И Роналдо облече пижами со празничен дезен за совршена фотка со своите најсакани покрај елката.
Во текот на пандемијата на корона вирусот Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез постојано ги радуваат фановите со совршени семејни фотографии.
Така и овојпат 35-годишниот фудбалер со својата 26-годишна девојка и 4-те деца направи прекрасна фотографија по повод католичкиот Божиќ.
Сите беа облечени во пижами со празнични дезени, седнати околу елката, а на Инстаграм Стори Џорџина прикажа дека се играло и пеело на божиќни песни. Таа и девојчињата носат дури и црвени здолништа од тул со светки на нив.
Покрај фотографијата од семејството на Роналдо, стои описот: „Ви посакуваме среќен Божиќ!!! Полн со љубов, здравје и среќа.“