ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев во Њујорк: Могерини очекува почеток на преговорите, Мицотакис со поддршка, амин од Кипар за крај на спорот за името

Сублимат од билатералки - Поддршка и признанија за успех и напредок на земјата

September 25, 2019 01:30
in ПОЛИТИКА

Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во рамки на 74-тото Генерално собрание на ОН, оствари неколку билатерални средби, меѓу кои со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, Претседателот на Кипар Никос Анастијадес, премиерот на Белгија и иден Претседател на Европскиот Совет Шарл Мишел, Високата претставничка за надворешни работии безбедносни политики на ЕК, Федерика Могерини, како и со премиерот на Естонија, Јури Ратас.

Могерини на средбата истакнала дека очекува почеток на преговорите со ЕУ како резултат на заедничкиот успех.

На средбата пак со премиерот на Естонија Ратас, Заев бил информиран дека и оваа членка на ЕУ останува со силна поддршка за Северна Македонија за започнување преговори со ЕУ во октомври.

Премиерот Зоран Заев, како дел од активностите на маргините на Генералното собрание на ОН, се сретна и со Претседателот на Кипар Никос Анастијадес, се наведува во соопштението од Владата.

Заев во разговорот ја нагласи исклучително позитивната и конструктивна улога што Кипар ја одигра во поддршката на процесот и решението на проблемот со името со Грција.

На средбата беше истакнато дека Република Северна Македонија е подготвена целосно да го прифати развојот на пријателски и сеопфатни односи со Кипар во сите области од заемен интерес, особено во делот на економската соработка, зголемување на обемот на трговијата во областите на земјоделството и прехранбената индустрија, туризмот, банкарството и финансиите и во други области.

Премиерот Зоран Заев, како дел од своите активности, оствари средба со премиерот на Белгија, и иден Претседател на Европскиот Совет Шарл Мишел.

Двајцата премиери, како што соопшти владината прес-служба, низ разговорот на средбата потврдија дека Северна Македонија во последните две години направи исклучителен прогрес во остварувањето на реформските процеси дома, како и во остварувањето на стандардите во процесот за пристапување во членство во ЕУ, преку одличната соработка со европските институции.

На средбата, на која присуствуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, премиерот Заев го запозна белгискиот премиер Мишел за актуелните активности на Владата поврзани со очекувањата на Европскиот Совет во октомври, Северна Македонија да го добие датумот за отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Заев во Њујорк, за време на Генералното собрание на ОН, оствари средба и со Претседателот на Владата на Грција Кирјакос Мицотакис.

Премиерот Заев нагласи дека Владата на Северна Македонија е подготвена за целосно спроведување на Акциониот план за интензивирање и збогатување на соработката меѓу Република Грција и Република Северна Македонија, како што е предвидено со Договорот од Преспа, за кој потенцираше дека е историски чекор и значаен договор за градење добрососедство, поблиска соработка и конструктивни и позитивни односи меѓу двете земји.

Заев нагласи дека за почит е фактот дека Грција беше првата земја-членка на НАТО што го ратификуваше Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО во постапката за полноправно членство која ќе биде финализирана наскоро.

Беше изразена поддршка од страна на грчкиот премиер за отворање на преговори со ЕУ и беше потенцирано дека доследната и навремена имплементација на Договорот од Преспа е клучна за унапредување на односите и обезбедување на европската перспектива за Северна Македонија.

На средбата беше заклучено дека унапредувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и директните инвестиции се од заемна корист за сите граѓани од двете држави.

Министерот за здравство Венко Филипче учествуваше на Самитот за универзална здравствена покриеност на ГС на ОН и потенцираше дека Достапна, квалитетна и долгорочно одржлива здравствена заштита со граѓаните во центарот на здравствениот систем е наша долгорочна стратегија, се наведува во соопштението на Влада на Р.С.М.

 



И. Терзиевска

Next Post

Променливо облачно време со температура до 27 степени

Discussion about this post

НАЈНОВО

Поскапуваат горивата

August 25, 2025

Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

August 25, 2025

Најмалку 15 луѓе загинаа меѓу кои и четворица новинари во израелските воздушни напади врз Газа

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk